По секои локални избори, Тетово со старите проблеми
18 август 2017Реклама
Пред и по секои локални избори, проблемите на Тетово остануваат исти - водоснабдувањето и депонијата. Пред секои избори се ветува нивно решавање, но ништо не се случува. Градот под Шара е жеден и покрај вода, има рестрикции на нејзината употреба. Тетово е и еден од најзагадените градови.