1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Половина од жртвите на Ковид-19 во Европа во старечки домови

БГ/ ДПА
15 април 2020

Речиси половината од сите смртни случаи од коронавирусот во Европа се случиле во домови за стари лица, но повеќето не се вклучени во официјалните податоци ниту заведени како поврзани со пандемијата, тврдат истражувачи.

https://p.dw.com/p/3auRQ
Spanien Corona-Pandemie Barcelona
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Dana

Според истражувачки тим на Лондонската школа за економија, соодносот на жители на домови за стари лица со смртни случаи поврзани со коронавирусот во пет европски земји се движи од 46 отсто во Белгија до 57 проценти во Шпанија. Истражувачите ги прегледале и официјалните проценки и новинарските извештаи во Италија, Франција и Ирска. Тие велат дека малку земји систематски ги тестирале жителите и вработените во домовите за стари лица, поради што е тешко да се проценат стапките на зараза и смртност.

„Поради недостатокот на доследно тестирање се чини дека најдобриот начин да се процени стапката на смртност од Ковид-19 во домовите за нега и за стари лица е да се споредат стапките на смртност од периодот на пандемијата со стапките од претходните години во истиот период“, велат истражувачите.
Според нив, досега собраните податоци не се споредливи меѓу различните држави поради разликите во информирањето и користењето на различни системи на заведување.

„Постојат многу предизвици во напорите да се спречи ширењето на Ковид-19 во домовите за нега, а недоволните податоци се еден од нив“, соопшти Аделина Комса-Херера, ко-авторка на студијата.

„Најдовме само три епидемиолошки набљудувачки студии, сите од почетокот на март во САД. Време е за повеќе податоци за да добиеме подобри насоки“, вели Комас-Херера.

Како да разговарате со децата за коронавирусот?