1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полскиот премиер ја обвини Германија за „егоизам“

БГ /АФП
26 февруари 2022

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во саботата остро ги нападна западните држави, како Германија, за нивниот „непопустлив егоизам“ во однос на руската агресија врз Украина, и одбивањето да се наметнат поостри санкции.

https://p.dw.com/p/47eaG
Полскиот премиер Моравјецки и германскиот канцелар Шолц
Полскиот премиер Моравјецки и германскиот канцелар ШолцФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Во пресрет на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, Моравјецки ја повика Германија да биде поостра кон Русија.

„Денес не е време за ваков непопустлив егоизам каков што гледаме во некои западни држави, вклучително и тука во Германија, за жал“, изјави Моравјецки во Берлин.

„Затоа дојдов тука... да ја потресам совеста на Германија. За конечно да прифатат санкции кои се всушност жестоки“. 

Според Моравјецки, Германија мора да прифати суспензија на Русија од ткн. СВИФТ систем за банкарско плаќање, како и да го запре дотокот на гас и од гасоводот Северен тек 1.

Германија не сака да прифати исклучување на Русија од СВИФТ стравувајќи дека Русија ќе го сопре дотокот на гас. Берлин претходно најави дека ќе го сопре процесот на сертификација на новиот гасовод Северен тек 2. 

Украинците се борат „за сите нас“  

Моравјецки се потсмеваше и со германската одлука на Украина да и испрати 5.000 шлемови, како помош за војната против Русија.
„Пет илјади шлемови? Тоа мора да е некаква шега. Потребна е вистина помош... оружје“, рече полскиот премиер порачувајќи дека Украина не се бори само за себе.  

„Тие се борат и за нас. За нашата слобода и сувереност. За да не бидеме ние следните. Русија сака да го уништи нашиот свет. Мораме да делуваме веднаш. Немаме време за губење.“

Германија во петокот испрати 5.000 шлемови како воена помош за Украина, откако долго одбиваше на било кој начин воено да ја помага државата, и покрај опасноста од воена агресија. Берлин и натаму одлучно одбива да испрати било какво оружје во Украина.  

Украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник се потсмеваше со шлемовите, оценувајќи ги како „капка во море“ и „далеку и од утешна награда“.  

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема