1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски и Коѕијас прво ќе ја градат довербата

БГ/мкф25 август 2016

Шефовите на дипломатиите Попоски и Коѕијас не разговарале за спорот за името, туку за начините како да се подобри соработката меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/1JpdQ
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pantzartzi

Македонија и Грција ќе се фокусираат на економската соработка и стабилноста, а спорот за името не бил тема на разговорите меѓу министрите за надворешни работи Никола Попоски и Никос Коѕијас во Скопје.
Двајцата министри денеска оценија дека

„Доколку има една реалност, тоа е разликата во спорот за името и чувството дека нашиот пат кон ЕУ и НАТО е попречен поради ова, но тоа што можеме да го направиме е да се посветиме на тоа што го посакуваме, поголема стабилност и економски просперитет“, рече Попоски.
Коѕијас рече дека се залага за добар компромис, но вели дека спорот за името не бил тема на разговор.
„Не зборувавме за името, рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка. Јас се залагам за компромиси, но добри, а не лоши компромиси. Компромис кој ќе не ослободи од затворите на историјата, која не можеме да ја промениме. Мислам дека на мирен начин треба да ги решаваме нашите разлики, што значи дека не треба едниот да се наметне врз другиот“, порача Коѕијас.

Попоски смета дека во Македонија треба да се надмине чувството дека грчката страна е непријателот и дека сега мора да се стигне до фаза во која ќе чувствуваме дека Грција е пријател со кој Македонија ќе може да соработува.

„Автоматски, мерките за градење доверба нема да го решат спорот за името, но ова е единствениот пат по кој треба да одиме во услови во кои ние си ја креираме судбината. Алтернативата на ова е да седиме со скрстени раце и да плачеме дека не ни дозволуваат да ги оствариме нашите цели“, рече Попоски.