1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корона: Половина милијарда луѓе соочени со сиромаштија

ЕМФ | агенции
9 април 2020

Поради корона-кризата половина милијарда луѓе би можеле да паднат во сиромаштија, проценува хуманитарната организација Оксфам.

https://p.dw.com/p/3agf9
Symbolbild Slum
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Solanki

За да се спречи пад во сиромаштија на нови 434 милиони луѓе, на меѓународната заедница и’ е неопходен „пакет мерки за спас на сите“ во висина од 2,5 илјади милијарди долари, побара денеска организацијата Оксфам. Таа од германската влада бара воведување на „неопходниот ефективен данок на финансиски трансакции“ за да може да се финансира развојната помош.

Корона-кризата би можела да ја врати борбата против сиромаштијата на точка од пред 10 години, а во некои региони на Блискиот Исток и во Африка дури и на точка од пред 30 години, смета Оксфам, повикувајќи се на истражувања на Кралскиот колеџ во Лондон и Австралискиот национален универзитет, според кои економската криза предизвикана од пандемијата може да турне во сиромаштија нови половина милијарда луѓе во светот.

Denkraum für Soziale Marktwirtschaft Marion Lieser
Лизер: Да не се спасуваат само компании, туку поддршка да добијат широки слоеви на населениетоФотографија: DW/D. Zhang

Според пресметките, намалувањето на приходите во буџетите за 20 проценти во тие региони може да одведе 434 милиони луѓе во живот со помалку од 1,9 долари на ден.

„Економските и социјалните последици на пандемијата ќе бидат разорни пред се’ во сиромашните земји доколку Г20, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка не донесат брзо пакет мерки за спас“, изјави Марион Лизер, претседателска на германската секција на Оксфам. Светотмора „да извлече поуки од финансиската криза 2008 и да се погрижи за тоа да не се спасуваат само компании, туку поддршка да добијат широки слоеви на населението“, додаде таа.