1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посетата на Путин на Дрезден

11 октомври 2006

Дводневната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Германија, која започна вчера во Дрезден, е централна тема на коментари во германските дневни весници. Пренесуваме дел од пишувањата

https://p.dw.com/p/Ae5e

Весникот „Остзе Цајтунг„

„ Шефот на Кремљ со канцеларката Ангела Меркел разговараше на исто ниво. Убиството на новинарката Ана Политковскаја, повредата на човековите права во демократијата под водство на Путин, беа само споредни теми. Никој не треба да има илузија дека намуртеното чело од Берлин би можело да предизвика и најмала промена на курсот во внатрешната политика на внатрешната политика на Москва. Економските односи со Русија од друга страна се одвиваат одлично. При тоа, огромниот руски простор, повеќе не е само лиферант на нафта и гас, туку благодарение на милијардите кои ги добија, руските претпријатија се вклучуваат во големите германски фирми, а тоа може да ги прошири проблемите„ коментира „Остзе Цајтунг„

Весникот „Рајн Некар Цајтунг„ фрла поглед во минатото и пишува:

„ Русија во западот бара близок сојузник, кој слепо ќе и верува. Некој, кој како претходникот на Меркел, Герхард Шредер, диригираната демократија на Путин, би ја продавал во Европа како квалитетна. Затоа шефот на Кремљ со политичка предност ги отвара преговорите за енергија и сигурното снабдување. Дали е тоа морална понуда? Сигурно дека не е. На Германија и е потребна сигурна енергија. Само што Меркел, за разлика од Шредер, знае дека има работа со голем политички проблем. Затоа таа го присили во Дрезеден, да пронајде барем неколку крокодилски солзи за новинарката, која беше жртва на нарачано убиство„ коментира „ Рајн Некар Цајтунг„

„ Ландесцајтунг„ на истата тема забележува:

„ Времето на збратимување во Петерсбуршкиот дијалог е минато. Ангела Меркел во периодот на распаѓање на Советскиот сојуз беше граѓанин на Германската Демократска Република. Тоа ја направи поотпорна од нејзиниот претходник Герхард Шредер, кој во гас баронот Владимир Путин сакаше да препознае вистински демократ. Тоа што Путин вети расветлување на убиството на новинарката Ана Политковскаја , сигурно е ништо повеќе од празни зборови. Нарачаните убиства во Москва традиционално остануваат неразјаснети„ читаме во „Ландесцајтунг„

Коментаторот во „Келнер Штат Анцајгер„ забележува:

„ Русија добива се поголемо значење за Германија како извозник на суровини. Кога таа би била целосно слободна земја, никој не би имал ништо против. Но, ситуацијата сепак не е таква. Во односите со соседните земји Русија ги користи принципите на политика на моќ и притисок. Индикатор за надминување на стариот начин на размислување е слободата, кога конечно бизнисменот Михаил Ходорковски ќе ја добие назад својата слобода? Прашува во коментарот весникот „ Келнер Штат Анцајгер„