Потресни фотографии од земјотресот во Италија
Додека спасувачките служби и граѓаните трескавично се обидуваат да ги извлечат затрупаните луѓе од под урнатините во италијанските градови погодени од земјотресот, се мобилизира помош и поддршка за настраданите.
Жив е!
Еден човек утрово беше извлечен жив од под урнатините на една зграда во местото Аматриче.
Погодена централна Италија
Од земјотресот со јачина од 6,2 степени погоден е регионот на централна Италија. Силината на земјотресот ги разбудила и жителите на Рим, кој е оддалечен повеќе од 150 километри од епицентарот.
Масовно разурнување
Последиците од природната катастрофа се видливи насекаде. Многу жители ноќта и денот го минуваат на отворено.
Половина место е исчезнато
„Состојбата е драматична, има многу мртви“, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. „Половина место е исчезнато“.
Најсилен земјотрес од 2009 година
Ова е најсилниот земјотрес во Италија од 2009 година, кога 300 луѓе загинаа во земјотресот кој го погоди градчето Аквила.
Илјадници останаа без дом
Според првичните проценки, илјадници луѓе останаа без своите домови. Проценките на економските штети допрва ќе се прават.
Непристапни предели
Локалните власти се жалат дека помошта тешко пристигнува во погодените области поради големото разорување од земјотресот и непристапните предели. Се апелира за тешка машинерија и опрема за спасување.
Аматриче
Живописното планинско место Аматриче е познато туристичко место и е мека за жителите на Рим кои сакаат да избегаат подалеку од летните жештини во метрополата. Засега нема информации за жртви меѓу туристите.