Почина поранешниот турски премиер Еџевит
6 ноември 2006Булент Еџевит три и пол децении беше неприкосновен водач на турската левица и политичар, кој четирипати беше претседател на владата и човекот за чие премиерско владеење беше извршено доаѓањето на турската армија на Кипар. Булент Еџевит кој заради низата социјални закони и програми важеше како голем пријател на работничката класа, беше голем противник на последниот воен удар, заради што во септември во 1980 година се најде во притвор заедно со Сулејман Демирел.
Иако политички забранет, Еџевит од затворот со помош на својата сопруга Равшан ја имаше формирано Социјалдемократската партија, со која по укинувањето на забраните уште неколку пати дојде на власт.
Последен пат тоа беше во 1999 година кога стана премиер на една чудна коалиција со Десничарската татковинска партија на Месут Јилмаз, и Ултранационалистичката партија на национализтичкотот движење на Девлет Башчели. Тоа беше во времето на американските подготовки за напад врз Ирак, на кои Еџевит остро им се спротивставуваше. Се проценува дека токму зараду ваквото спротивставување кое се закануваше со неодобрување на употреба на турските воени база за воздушни напади врз Ирак, САД тогаш испровоцираа економска и политичка криза во Турција. Таа беше разрешена со предвремени парламентарни избори на кои партијата на Еџевит не успеа да влезе во парламентото, што значеше и крај на неговата долгогодишна политичка кариера.