1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поштарот никогаш не ѕвони двапати

ЕМФ /агенции
30 јануари 2018

Италијанската полиција уапси поштар од Виченца откако во гаража пронајде стотици килограми недоставена пошта.

https://p.dw.com/p/2rkjx
Symbolbild Prozess gegen Postboten aus Brandenburg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Полицијата на трага на 56-годишниот поштар му влегла откако работници на плац за рециклажа во близина на поштата во Виченца пронашле 43 жолти пластични поштенски кутии.

Во гаражата се пронајдени 572 килограми писма, сметки, банкарски документи, па дури и избирачки ливчиња за изборите во 2010 година.

Поштарот тоа го собирал цели осум години.

Поштата во Виченца соопшти дека целата таа пошта ќе биде доставена до примачите, иако за тоа е можеби „малку“ доцна.

Поштарот никогаш не ѕвони двапати