1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговори за заштеди во Дајмлер

21 јули 2004

Денеска продолжуваат решавачките преговори околу пакетот за штедење во Дајмлер Крајслер. Неспредно пред завршувањето на првата рунда се појавија знаци на приближување, но и натаму останува спорно како да се постигне волуменот заштеди од 500 милиони евра годишно во Германија.

https://p.dw.com/p/AeQi
Протести во Синделфинген
Протести во СинделфингенФотографија: AP

Преговорите беа најтешки токму околу патот како да се постигне посакуваниот волумен заштеди. Шефот на работничкиот совет на концернот Дајмлер Крајслер, Ерих Клем повеќепати повтори дека скусувањата за вработените можат да бидат прифатени само во случај раководоството на фирмата да ги гарантира работните места во Сидлефинген и во Штутграт-Унтертиркхајм до 2012 година. Потпретседателот на синдикатот на металците Бертолд Хубер пак изјави:

“Сакаме да постигнеме согласност со која работата и производните места нема да бидат обезбедени само за една или две години, туку во секој случај до новата деценија“.

Дајмлер Крајслер не е единствениот авто-производител кој има намера да скусува плати во менаџерскиот тим. И раководоството на концернот Фолксваген, според извештајот на весникот “Фајненшел тајмс Дојчлнад“ има намера да ги намали сопствените плати. Весникот цитира претставник на концернот според кој се настојува кај менаџментот да се заштедат најмалку 30 проценти, подеднакво како и кај тарифно вработените. Се вели дека со оваа мерка ќе бидат погодени раководството и 2 илјади и 700 врвни вработени во Фолскваген.