1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте списокот на кандидати за нов лидер на СДСМ

ДТЗ
2 декември 2021

Постапката за самокандидирање трае до утре, а во меѓувреме најави пристигнаа од неколкумина дека имаат амбиции и визија за да бидат нов лидер на социјалдемократите.

https://p.dw.com/p/43jwo
Mazedonien Parteitag der Sozialdemokratischen Partei SDSM
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Расте бројот на кандидати коишто сакаат да застанат на цело на владејачката СДСМ, по оставката на лидерот Зоран Заев, кој се повлече по лошите резултати на локалните избори во октомври. Постапката за самокандидирање трае до утре (3.12), а во меѓувреме најави пристигнаа од неколкумина дека имаат амбиции и визија за да бидат нов лидер на социјалдемократите.

Се чека до последниот ден

Актуелниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, Јован Деспотовски размислува за кандидатура за претседател на СДСМ. Тој вели дека по 25 години поминати низ повеќе структури во партијата и покажани реални резултати, може да понуди нов концепт кој ја обединува и партијата и сограѓаните со кои делат заеднички вредности.

„Овој потег носи сериозна одговорност и големи предизвици. Ги правам последните анализи и консултации со семејството, по што ќе ја донесам конечната одлука“, најави Деспотовски. Одлуката ќе ја соопшти утре. 

Nord-Mazedonien Jovan Despotovski
Јован ДеспотовскиФотографија: DW/K. Delimitov

Деспотовски смета дека не е важно кој ќе биде лидер, туку каков ќе биде лидерот. „Широчината во кадровската понуда за идниот лидер на партијата е еднакво важна и за квалитетот и за образот на партијата, но и за да ја испочитуваме и вреднуваме пораката која ни ја испратија гласачите на последните избори“, вели Деспотовски.

И екс-директорот на УБК и екс-советник на премиерот Зоран Заев, Миле Зечевиќ, во емисијата „24 анализа“ рече дека се смета за најдобар кандидат за внатрепатриските односи и за заклучување на стабилноста на партијата.

„Не сум заинтересиран за премиерската позиција. Без Заев на таа позиција не може да го внесеме инпутот внатре да ја реорганизираме целата партија и затоа е потребно стабилно мнозинство“, рече Зечевиќ. Пред најавените избори за нов претседател на СДСМ, Зечевиќ истакна дека во моментов, доколку сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиции да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина на бурни реакции внатре во членството, но и во пратеничката група.

Амбициозни програми

Nordmazedonien Politiker Dimitar Kovacevski
Димитар КовачевскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Први во офанзива деновиве тргнаа актуелниот заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој се смета дека ја има поддршката на Заев за негов наследник, и ексминистерката Фросина Ременски.

Програмата на Ковачевски „Заедно, одговорно и посветено“ се базира на три основни столба, а тоа е социјадемократската визија, јасни социјадемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите кои следуваат од него, економски раст и јасен систем со одговорност во кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата за исполнување на сите проекти ветени пред граѓаните. 

Die mazedonische Staatsanwaltschaft ermittelt gegen Frosina Remenski
Фросина РеменскиФотографија: DW/P.Stojanovski

Ременски, пак, од пред партиското седиште наведе дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општественополитички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.