1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Прекин на огнот во Украина- отворени хуманитарни коридори

СН/агенции
8 март 2022

Во Украина, се чини дека е успешен обновениот обид за воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од завојуваните градови. Руските трупи треба да се придржуваат до прекинот на огнот.

https://p.dw.com/p/489mM
Бегалци од пристанишниот град Мариупол
Бегалци од пристанишниот град МариуполФотографија: AP/picture alliance

Украина започна со евакуација на цивилите од опколените градови во земјата, откако Русија дозволи создавање  на „хуманитарни коридори“ на тринаесетиот ден од инвазијата. Цивилите започнаа да го напуштаат североисточниот град Суми и градот Ирпин во близина на главниот град Киев. 

Безбедносните коридори за евакуација на цивилите од градови во Украина се отворени, потврдија претставници од двете страни, откако во повеќе наврати пропадна претходните напори да се воспостават такви коридори за евакуација поради руските напади

Заменичката на украинскиот премиер, Ирина Верешчук, соопшти оти двете стани се согласиле за прекин на огнот од 9 до 21 часот за да се евакуираат цивилите од источниот град Суми, една од петте рути кои ги ветија Русите.

Жителите на градот Ирпин во близина на Киев се евакуираат
Жителите на градот Ирпин во близина на Киев се евакуираатФотографија: DIMITAR DILKOFF/AFP

Првиот конвој со евакуирани цивили во автобуси или со приватни автомобили тргна во 10 часот. На снимката која ја објави украинската државна агенција за комуникација се гледаат луѓе со торби како влегуваат во автобуси.

„Украинскиот град Суми доби зелен коридор, започна првата фаза на евакуација“, напиша агенцијата. на Твитер 

Суми се наоѓа на само 50 километри од руската граница. Меѓу оние кои се евакуираат од Суми се странски студенти од Индија и Кина, а коридорот ќе се користи и за доставување хуманитарна помош во градот.

Олексеј Кулеба, гувернер на регионот Киев, пак соопшти дека повеќе од 150 луѓе биле евакуирани од градот Ирпин до 09:30 по средноевропско време. Украинската вицепремиерка Верешчук пак изјави дека 30 автобуси се на пат кон пристанишниот град Мариупол за да евакуираат цивили од градот. 

Осамениот бегалец

Руската војска претходно соопшти дека дека ќе бидат отворени пет коридори, и тоа за главниот град Киев, како и за големите градови Чернов, Суми, Харков и Мариупол, но оти поголемиот број ќе водат до Русија, без разлика дали директно или преку Белорусија.

Верешчук рече дека руските предлози цивилите да се евакуираат во Русија и во Белорусија се неприфатливи, но не зборуваше ни за можноста Украинците да се евакуираат кон западна Украина.