Пркосните Севернокорејци
10 август 2017Севернокорејците излегоа на масовен собир во главниот град Пјонгјанг во своевидна демонстрација на пркос против најновите санкции на ОН против нивната земја. Илјадници луѓе притоа ѝ дадоа поддршка на ракетната програма на лидерот Ким Јонг Ун и неговата последна закана кон САД. Пјонгјанг имено се закани оти би можел може да го нападне Гуам, островска територија на САД во Пацификот.
Северна Кореја денеска објави детален план за отворање на оган врз Гуам, што би бил најпровокативен потег на Пјонгјанг досега.
Севернокорејски претставници предупредија дека го привршуваат оперативниот план за лансирање на четири балистички ракети од средендострел Хвансонг-12 во насока на Гуам. Ракетите би биле лансирани преку територијата на Јапонија кон водите околу Гуам, мал остров со 160 илјади жители и две големи американски воени бази со 7000 војници.
Планот кој предвидува балистичките ракети да удрат на 30 или 40 километри од Гуам, во наредната недела ќе му биде претставен на лидерот Ким Јонг Унг, кој ќе донесе одлука за натамошните чекори.
Претходно Северна Кореја ја отфрли како неразумна заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека властите во Пјонгјанг ќе се соочат со „бес и оган“ во случај да истрелаат ракети во насока на американскиот остров Гуам во Пацификот.
Командантот на ракетната програма на Северна Кореја, Ким Рак Гјом, изјави во интервју за државната телевизија оти заканите на Трамп „прилично му одат на нерви’.
Тој оцени дека последните закани на претседателот на САД упатени од теренот за голф ја покажуваат, како што рече, неговата сенилност. „Некои разговори не се можни со таков човек лишен од разум“, рече Ким.
Ова не е првпат властите во Северна Кореја да упатат јавни навреди на сметка на Вашингтон и наСеул. Тие поранешниот претседател на САД Барак Обама го нарекуваа „мајмун“, а тогашната претседателка на Јужна Кореја Рарк Геун Хје „проститутка“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп деновиве им се закани на властите во Пјонгјанг дека ќе се соочат со „оган и бес“, по извештајот дека амерканските разузнувачи веруваат оти Северна Кореја успеала да произведе нуклеарна боева глава која може да биде носена од постоечките ракети.
„Би било добро за Северна Кореја веќе да не им се заканува на САД. Би ги дочекале оган и бес какви што светот уште не видел“, изјави Трамп. Тревогата во Вашингтон поради нуклеарната програма на Пјонгјанг е засилена по двата успешни теста на интерконтинентални ракети во минатиот месец.