1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблеми во втората фаза на децентрализацијата

Горан Петрески 16 ноември 2007

Прекин на наставата во дел основните училишта во Македонија е првиот реален проблем со кој се соочуваат општините, што влегоа во втората фаза на децентрализација.

https://p.dw.com/p/CI1v
На училиштеФотографија: dpa

Денеска ќе штрајкуваат наставниците, бидејќи им доцни октомвриската плата. Во процесот на финансиско осамостојување влегоа 42 општини, или половина од вкупниот број во Македонија. Со тоа училиштата паднаа под надлежност на општинските власти. Сега централната и локалната власт се прозиваат меѓу себе кој е одговорен за доцнењето на платите.

Точниот број на училишта кои денеска ќе штајкувата не е познат, во синдикатот велат дека и наставниците кои добиле плата во знак на поддршка на колегите ќе држат скусени часови.