„Проблемите да ги решаваме заедно“
3 октомври 2016Со свирежи и скандирање „предавници“ и „Меркел мора да си замине“, стотици демонстранти, главно припадници на ксенофобичната групација Пегида, ги дочекаа германската канцеларка Ангела Меркел, сојузниот претседател Јоахим Гаук, претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт и други високи германски државни претставници кои дојдоа во Дрезден на централната прослава на 3. октомври - Денот на повторното обединување на Германија. На овој ден, во 1990 година, се обединија дотогаш двете германски држави - комунистичката Германска Демократска Република и западната Сојузна Република Германија. Прославата на Денот на обединувањето во Дрезден протекува проследена со досега најсилни мерки за обезбедување.
Поголема почит, одбрана на демократијата и помош за луѓето во нужда - гласеа итните апели на политичарите и црковните лица упатени до населението на денешниот ден. По повод Денот на обединувањето канцеларката Меркел порача: „Проблемите треба да ги решаваме низ разговор и заеднички“.