Со паролата „Нема правда, нема мир“ и свирежи пред Влада, илјадници граѓани и вчера (22.04.2016) протестираа во Скопје. Демонстрантите бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов.