Против Ким има само еден лек
18 септември 2017Се разбира, на Северна Кореја би можело, на пример, да ѝ се понуди пакт за ненапаѓање. Но, проблемот е во тоа што Ким Јонг Ун не би му верувал на таков пакт. Нуклеарниот проблем ќе остане нерешен, зашто тој не би се откажал од нуклеарно оружје во замена за лист хартија. Министерот за надворешни работи Зигмар Габриел со право укажа на последиците од ова. Ќе стане уште потешко да се запре натамошното ширење на атомско оружје отколку што и онака веќе е.
Тука постои конкретна опасност од спирала на вооружување, за која СПД (германските социјалдемократи, н.з.) зборува во кампањата, но во друг контекст. Значи, ако во конфликтот со Северна Кореја она што е на дофат на раката не води кон целта, останува само едно - она за што Габриел исто така веќе зборуваше: единство на сите учесници во конфликтот во односот кон Пјонгјанг.
Кина, и не како последно Русија, од каде постојано доаѓаат амбивалентни изјави, на Ким мора да му стават недвосмислено јасно до знаење дека ќе се ослободи од цврстиот стег на санкциите тогаш, кога ќе се откаже од нуклеарно оружје. Колку е поголемо единството, толку подалеку е воената опција.