Птичји грип во Европа напролет?
20 август 2005Германската влада сака да биде подготвена во случај на можно ширење на птичјиот грип во Германија. Но , засега знаци за такво нешто нема, изјави министерката за заштита на потрошувачите, Ренате Кинаст. Вирусот, чија кратенка гласи H5N1, спроед Кинаст, се шири на три начини:
“Главната опасност за ширење на вирусот се илегалната трговија со животни, ненамерно ширење на вирусот преку лица кои биле во заразените подрачја и третиот начин се – птиците преселници. “
Со итна уредба, Кинаст има намера најдоцна до средината на септември да го забрани одгледувањето кокошки на отворено и сите претпријатија кои се занимаваат со одгледување птици да ги примора да се регистрираат. Околу ваквите мерки министерската треба да постигне согласност со своите европски колеги наредната недела.
Претседателот на институтот Фридрих-Лефлер, Томас Метенлајтер, смета со прошируавње на птичјиот грип во Европа преку птиците преселници напролет, а не оваа есен. Тој не е на мислење дека е можна светска епидемија, односно пандемија, и кај луѓето:
“Вирусот H5N1 принципиелно може да инфицира човек, тоа сите го знаеме. Но, во моментов не постои непосредна опасност од пандемија. Освен тоа, вирусот досега не се ширел од човек на човек, а тоа е основен предуслов за да се случи пандемија.“
Канадските финансиски експерти проценуваат дека доколку се случи ширење на птичјиот грип насекаде во светот, тоа ќе предизвика економски последици како во времето на големата депресија во 30-тите години на минатиот век. Се заканува економска криза. Аналитичарите во Отава ги процениле актуелните лекарски податоци и претходните случаи од минатото, како епидемијата на САРС, која во 2003 година само во Канда однесе 44 животи.
Во екстремен случај,доколку на располагање нема противлек, кого во доволни количества ќе го имаат и земјите во Азија, финансиската групација БМО Несбит Барнс смета со 50 милиони мртви во светот. Но, многу побргу може да дојде до паника, како во 1929 година кога финансиските пазари беа во опасност.
Пропаст на економијата во Источна Азија ќе значи масовна невработеност насекаде во светот:
“Целиот пазар на станови ќе колабрира, невработените ќе немаат пари, големи фирми веќе нема да исплаќаат пензии, така што никој веќе нема да може да исплаќа кредити“, смета ко-авторот на студијата, Шери Купер.
Особено погодени, според нејзе, би биле големите градови, каде бргу може да се случи недостиг на лекови.
Сценарио што звучи застрашувачки, но експертите велат дека луѓето мора да бидат предупредени за да бидат подготвени. Во делот каде што птичјиот грип стапна на европско тло – сибирскиот дел на Русија, се прави се друго – само не се информира како што треба – отворено и без завеси.
Сликата е противречна, исто како што се и изјавите на одгвоорните. Да, опасен вирус на птичји грип има, велат едни. Не, се обидуваат да ја смират ситуацијата други – животните во фармите умреле поради храната. Или, како што беше завчера соопштено, умреле поради труење со сол, односно поради некаков паразитски црв.
Можеби и двете верзии се точни. Во дел од големите фарми досега поради опасност од грип, се заклани 110 илјади птици. Со оглед на тоа што со целните убивања на птиците се загрозува егзистенцијата на сиромашните селани, кои имаат по само десетина кокошки, тие се обидуваат да ги сокријат птиците во шума и на тој начин ги спасат од присилно колење. И, тоа поради фактот што паричната компензација што би ја добиле за едно убиено животно е прениска. Досега Русија беше најголемиот пазар каде што се увезуваше пилешко месо. Затоа, затворањето на европските пазари за руските кокошки е само симболична акција. На запад практично и не се извезува пилешко месо. Во Русија постојат вакцини против различни болести, но не и против новиот вирус, поради тоа што вакцините на швајцарскиот производител Рохе ги нема во доволни количества.