1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичји грип во Нирнберг

25 јуни 2007

Три од 14 –те пронајдени мртви птици биле инфицирани со вирусот Х5Н1,опасен и за човекот.Се работи за два лебеди и една гуска,кои биле најдени кај две езера во подрачјето на Нирнберг.Регионот е изолиран.

https://p.dw.com/p/B1BO
Предупредувачки знак во изолираната областФотографија: AP

За да биде спречено проширувањето на птичјата болест,водите во регионот на Нирнберг се постојано надгледувани од страна на пожарникарите,а зоната која е во излоација изнесува четири километри околу езерата каде се пронајдени птиците.Градоначалникот на Нирнберг Улрих Мели објаснува:

„Мерките кои се преземени се вообичанеи во ваков случај.Птиците мора да бидат чувани во затворен простор,постои забрана за лов,задолжителна дезинфекција која треба да ја извршуваат одгледувачите. Во загрозеното подрачје не е дозволено движење ниту на домашни мачки и кучиња.“

Одговорните сметаат дека е многу неверојатно птичјиот грип да биде пренесен и врз луѓето.Иако досега во светот од опасниот вирус починаа 181 човек,тоа се случуваше во места каде птиците и луѓето живееле многу блиску едни до други.Доктор Карл Хајнц Богнер од покраинската служба за здравство во Ерланген:

„Се додека луѓето не одат таму и не допираат птици со голи раце,не постои никаква опасност.Човекот има поинакви рецептори од птиците и потребни се многу високи инфективни дози,кои во нормални случаи ги нема.“

Од каде дошол вирусот во Нирнберг не е познато,особено што птичјиот грип се појави среде лето.