1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичјиот грип ја одзеде третата жртва во Турција

6 јануари 2006

Уште едно дете почина како последица од птичји грип, со што опасната болест ја одзеде третата жртва во Турција. Се стравува дека од вирусот се заразени десетици луѓе ширум земјата.

https://p.dw.com/p/AeuV
Дезинфекција на возила во Турција како превенција од вирусот
Дезинфекција на возила во Турција како превенција од вирусотФотографија: dpa

11 годишниот Хулија е третата жртва од птичји груп во тусткото семејство Коџит, по смртта на неговите брат и сестра, 14 годишниот Мехмед и 15 годишната Фатма. Децата живееле во рурална средина во источна Турција, во близина на границата со Ерменија, а на нивниот 6 годишен брат , кој е хоспитализиран во турскиот град Ван, му се заканува истата опасност.

Уште шест лица од источна Турција, во меѓувреме, се хоспитализирани под сомнение дека се заразени со вирусот на птичји грип со што бројот на пациентите кои се лечат од болеста се искачи на 23. Турските власти соопштија дека најголемиот дел од заболените се деца.

,, Нема причина за паника. Не е во прашање зараза која што се пренесува од човек на човек“ се обиде да ја смири ситуацијата главниот лекар на болницата во близина на иранско турската граница во која се сместени сите пациенти.

По веста дека три деца починале од вирусот, Европската комисија соопшти дека испратила ветеринарен експерт во Турција со цел да се процени опасноста од ширењето на птичјиот грип. Романската влада, пак, побара да се вакцинираат против вирусот жителите на 4 области во јужниот дел на земјата. Во Германија продолжуваат вообичаените мерки за превенција од грипот.

,, По случаите од Турција опасноста за германското население не е зголемена, но ние не смееме да ги чекаме птиците преселници да дојдат од Тиурција. Не смееме да дозволиме и увоз на пилешко месо,, изјави Рајнард Курт од Роберт Кох институтот во Берлин.

Светската здравствена организација сепак со резерва ја прифати информацијата дека децата во Турција починале од птичји грип и соопшти оти треба да се почекаат резултатите од испитувањата. Смртоносниот Х5Н1 вирус тешко се пренесува меѓу луѓето, но постои опасност дека мутира во некој од лесно преносливите вируси, што според мислењето на епидемиолозите, би можело да ги загрози животите на многу луѓе.

До сега смртните случаи настанати како последица на вирусот беа регистрирани само во Кина и во југоисточна Азија. Птичјиот грип досега уби 74 лица.