Германскиот, по англискиот, е најизучуван јазик во С. Македонија. Освен во училиштата, се учи и во Институтот Гете во Скопје, каде постои зголемен интерес и за полагање на испитот за степенот на познавање на јазикот, кој им ги отвора вратите на многу Македонци за студирање, работа или спојување со семејството во Германија.