1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Речиси половина милион граѓани тонат во сиромаштија

ДТЗ /ДВ
30 октомври 2020

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, 455.600 лица во СевернаМакедонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население. Најпогодени се повеќечлените семејства.

https://p.dw.com/p/3kfuQ
Armut in Mazedonien
Фотографија: DW/S. Toevski

Речиси една четвртина од жителите на Северна Македонија тонат во сиромаштија. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, 455.600 лица во С.Македонија живеат во тешки услови, што е 21,9% од вкупното население, исто како и во 2018 година, додека во 2017 година тој процент беше 22,2. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори.

Стапката на сиромаштија, според типот на домаќинство, е највисока (45,3%) кај домаќинство на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца. Потоа следи самохран родител со издржувани деца (42,8%) и домаќинства со издржувани деца (26,4%). Неактивните и невработените лица се меѓу најранливите категории и кај нив стапката на сиромаштија е највисока (33,9% и 33,2% соодветно), а најниска кај пензионерите (2,2%). 

-повеќе на темата: Пандемијата ја зголемува социјалната нееднаквост

Стапката на сиромаштија во најбројните, четиричлени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое четврто семејство во оваа категорија е сиромашна. Анализирано според полот, жените се многу повеќе погодени од мажите, па така во сиромаштија живеат 22,5% жени и 21,4% мажи.

Најмала стапка на сиромаштија има во категоријата самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) и таа изнесува 3,2 %, а стапка на сиромаштија под 10 % имаат и самците. 

Deutschland Symbolbild Hilfe in der Corona-Pandemie
Бездомници и сиромашни луѓе чекаат во ред за помош во Хамбург, ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Прогнози на Светска банка

Светска банка во мај годинава објави дека над 55.000 луѓе во Македонија може да западнат во сиромаштија. Според нивните прогнози ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени за два до три пати. Сиромаштијата ќе се врати на нивото од пред 2017 година, па дури и од пред 2015 година.

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија“, стои во извештајот на Светска банка. 

-повеќе на темата: Пандемија на осиромашување

Од Западен Балкан, во најлоша состојба се Македонија и Албанија. Најголемото годишно зголемување на бројот на невработени годинава е забележано во Албанија, и тоа за 25 проценти, а во Македонија, за 11 проценти.

Секое трето дете живее во сиромаштија

Во истражувањето коешто го спроведе УНИЦЕФ и „Фајнанс Тинк“ околу социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија, а коешто беше објавено во јуни годинава, секое трето дете во Македонија ќе живее во сиромаштија, а нови 16 илјади деца ќе паднат под прагот на сиромаштијата бидејќи нивните родители ги загубиле множностите за приход. Зголемен е и бројот на деца жртви на семејно насилство што се должи на затворањето на училиштата и полициските часови, а квалитетот на образованието кое го добиваат преку онлајн учењето не е доволен особено во стручните училишта.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема