1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роднините во неизвесност дали нивните блиски се живи

ДТЗ
23 ноември 2021

Тие со часови вртат по телефони, пребаруваат на интернет, во надеж дека ќе добијат информација кој ја преживеал несреќата во Бугарија. За трагедијата дознале на социјалните мрежи.

https://p.dw.com/p/43MSu
Busunglück in Bulgarien
Роднини на патниците пред туристичката агенција Беса Транс во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Семејствата и роднините на туристите коишто заминале на викенд во Турција, од изутринава чекаат пред затворените врати на агенцијата „Беса Транс“ во близина на Старата турска чаршија во Скопје, во надеж дека ќе добијат некаква информации дали нивните блиски се живи. За трагедијатадознале на социјалните мрежи рано изутринава, по што се обиделе на телефон да ги добијат своите роднини. Одговор се обиделе да добијат и од туристичката агенција, но од таму со часови владее молк. 

Пред агенцијата се собраа членови на семејствата на туристи кои патувале за Турција. Меѓу нив е и скопјанецот Џелал Бакиу, кој раскажува дека неговиот 41-годишен братучед заминал на викенд во Турција. Тој за несреќата разбрал изутринава околу 6 часот на социјалните мрежи, по што се обидел роднината да го добие на телефон. Но, безуспешно.  

Busunglück in Bulgarien
Во автобуската несреќа во Бугарија загинаа 46 патнициФотографија: Nova TV/AP/dpa/picture alliance

„Цело време веќе три-четири часа се јавував во агенцијата, но никој не одговара. Ова не е во ред. Мора да се јават на семејствата. Ги замолувам институциите коишто имаат информација да ја споделат со нас. Слушнав дека има шестмина повредени. Се сомневаме дали братучедот е жив или не, не можеме да стапиме во контакт со него. Го бараме, ама не можеме да го добиеме на телефон“, вели Бакиу. 

Полициски службеници од утрово се распоредени околу седиштето на компанијата „Беса транс“ во Скопје, чиј автобус враќајќи се од Истанбул се запали во Бугарија, при што загинаа најмалку 45 лица.

Во автобусот на „Беса транс“ патувале 52 лица. Меѓу загинатите имало 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија. 

Busunglück in Bulgarien
Седиштето на Беса Транс во Скопје во вторникот беше затвореноФотографија: Petr Stojanovski/DW

Превозникот „Беса транс”, стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје. Компанијата била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови. Медијмите јавија дека агенција „Беса транс” функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.