1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромите се посебно на удар кога општествата се поларизираат

1 август 2020

Втори август е Европски ден на сеќавање за холокаустот врз Синтите и Ромите. Сеќавање не е доволно, потребно е решително сузбивање на расизмот и национализмот, смета Романи Розе од Централниот совет на Синтите и Ромите.

https://p.dw.com/p/3gDOJ
Deutschland Berlin | Ermordete Sinti und Roma | Denkmal
Споменик во Берлин за Синтите и Ромите убиени за време на националсоцијализмотФотографија: picture-alliance/dpa/J. Raible

На 2 август 1944 година во гасните комори на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау биле убиени последните 4.300 затворени Синти и Роми. Овој ден се смета за симбол на холокаустот извршен од страна на нацистите врз преку 500.000 Синти и Роми во окупирана Европа.

Ние се сеќаваме на овие жртви. Се сеќаваме на сите жртви на геноцидот врз Синтите и Ромите и на сите жртви на националсоцијализмот. Овој ден за Синтите и Ромите во цела Европа има големо значење, споменот на жртвите на нацизмот е станат цврст дел од нашиот идентитет.

Европскиот парламент пред пет години го прогласи втори август за Европски ден на сеќавањето, а од државите-членки на ЕУ и натаму се бара да го вградат овој ден во своите земји како сеќавање на холокаусотот врз Синтите и Ромите. Република Полска е прва земја во Европа која го прогласи втори август за ден на сеќавање.

#dw_BalkanBooster: Како живеат Ромите во време на пандемија

Дискриминацијата на Ромите, антисемитизмот и расизмот стануваат сѐ понасилни

Европа, со оглед на етаблираниот расистички национализам во многу земји, стои пред големи предизвици. Свесноста за нашата демократија, за владеењето на правото и нашите европски вредности не се повеќе гарант за опстанок на нашата демократија ако националистички партии и влади во многу европски држави бидат потврдени токму во овој расистички национализам.

Веќе подолго време доживуваме како омразата кон Синтите и Ромите, кон Евреите и другите малцинства, се шири сѐ повеќе. Нападите во Хале, во октомври минатата година, и во Ханау, во февруари 2020 година, се само најнови примери за дикриминација на Ромите, антисемитизам и расизам со растечка насилност во Германија.

Romani Rose Vorsitzender des Zentralrats Deutscher Sinti und Roma
Романи Розе, претседател на Централниот совет на Синтите и Ромите во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

Поларизацијата на општеството ги загрозува Ромите

Синтите и Ромите се населени во земјите во Европа од пред 700 години, ние сме граѓани во нашите родни земји. Нацистите беа први кои нѐ издвоија, кои ни го одрекоа државјанството, нѐ депортираа и сакаа целосно да нѐ истребат. Расизмот на нацистите со неговото јадро на екстремен и радикален антисемитизам и антициганизам беше фактичкото битие на Третиот рајх и тоа го обележува холокаустот како злосторство против човештвото, во историјата невидено цвилизациско фијаско.

Повеќе:

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Ромите од Гетинген отфрлаат вина за ширењето на коронавирусот

Ромите во Германија: Како да се излезе од улогата на жртва?

20. век носеше печат на две светски војни и бројни други во речиси сите делови од светот. Сега, во 21 век, конфронтирани сме со ситуација во која не само што демократиите сами се разградуваат, во кои правните принципи систематски се напуштаат и во кои различните табори во рамките на нашето општество речиси не можат или не сакаат да разговараат меѓусебно. Вкупно земено, тоа е неодржлива ситуација која можеме да ја надминеме единствено со заеднички напори. За Ромите оваа поларизација во многуте општества во државите во Европа претставува посебна опасност. Општествените тензии, порано и сега, постојано се насочуваат кон малцинствата и сега повторно се заканува опасност од прогони и погроми врз Ромите.

Салија - добриот ангел за Ромките во Шуто Оризари

Европските влади треба да ги жигосаат дискриминацијата на Ромите, антисемитизмот и расизмот

Аушвиц е совеста на светската заедница на демократски држави. Сите ние заедно не треба да продолжиме да молчиме и да минимизираме, не смееме да го вртиме погледот настрана кога се случува расизам, кога национализмот се врти против Европа, против нашите заеднички демократски вредности, кога националистите и десничарски организации сакаат да ја победат нашата демократија и правната држава. Сега државите од Европа се на потег конечно недвосмислено и трајно да ги презрат дискриминацијата на Ромите, антисемитизмот и расизмот. Централниот совет на Синтите и Ромите во Германија од таа причина го поздравува формирањето на Комисија против дискриминација на Ромите од страна на германската влада, чија задача е анализа на дискриминацијата на Ромите во Германија и давање препораки за нејзино сузбивање.

Тоа е обврска која ни ја пренесоа луѓето убиени во Аушвиц-Биркенау и другите концентрациони логори или од страна на СС-единиците. Тоа е наша заедничка обврска во Европа.

Романи Розе од 1982 година е претседател на Централниот совет на германските Синти и Роми