Русија денеска забрани изнесување на странски валути во износ повисок од 10.000 долари (околу 9000 евра) по лице. Претседателот Путин со ваквиот декрет сака да спречи излевање на капиталот од земјата. Во меѓувреме, во банките и пред банкоматите во Русија има огромни редици. Луѓето се обидуваат да стигнат до странски валути. Притоа, некои чекаат со денови и немаат успех.