1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Русија воведува санкции против Германија во случајот Навални

СН/агенции
22 декември 2020

Поради случајот на труење на рускиот опозиционер Навални, ЕУ воведе санкции против лица од доверба на рускиот претседател Путин. Сега Москва возвраќа.Останува нејасно кој е засегнат од германска страна

https://p.dw.com/p/3n5WK
Russland Oppositionsführer Alexei Nawalny
Фотографија: Vasily Maximov/APF/Getty Images

Како реакција на санкциите на ЕУ за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, Русија воведе забрани за влез во земјата на претставници на германската влада. Ова денеска го објави германската амбасада во Москва, по разговорите во руското министерство за надворешни работи.  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги најави казнените мерки уште во ноември.

Имињата на засегнатите лица не беа соопштени. За санкциите, тие ќе дознаат дури при влегувањето во Русија. Навални, како што се верува, бил отруен во август со хемиски нервен агенс од групата „новичок“, развиен во Русија .

Russland I Nawalny
Фотографија: Shamil Zhumatov/REUTERS

Поради оваа причина, ЕУ воведе санкции против, меѓу другите, првиот заменик шеф на претседателската администрација, Сергеј Киријенко, шефот на внатрешната разузнавачка служба Александар Бортников и двајца заменици министри за одбрана.

Повеќе:

-Руски тајни агенти оперираат во странство

-ЕУ со нови санкции против Русија

-Навални го обвинува Путин за неговото труење

Во меѓувреме Навални објави објави своја аудио снимка на телефонски разговор за кој тврди дека го имал со разузнувач од државната безбедност, вмешан во неговото труење. Мажот кој се слуша на снимката укажува на тоа дека бил вмешан во чистењето на облеката на Навални „за да нема никакви траги“ откако најголемиот критичар на рускиот претседател, Владимир Путин, падна во кома за време на летот над Сибир.

Deutschland | Behandlung Alexei Navalny in Berlin
Фотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images

На снимката се слуша и како вели оти „ситуацијата би била поинаква“ ако авионот во кој се наоѓал Навални не слетал принудно откако му се слошило. Мажот, кој во минатонеделниот медиумски извештај е идентификуван како оперативец на руската разузнувачка служва ФСБ и член на тимот кој со години го следел Навални, во телефонскиот разговор навестува дека долната облека на опозиционерот би можела да биде местото каде е уфрлена супстанцата која предизвикала труење.На Навални му се слоши за време на авионски лет на 20 август, а два дена подоцна беше префрлен во болница во Берлин.

Лаборатории во Германија, Франција и во Шведска, како и тестирањата кои ги спроведе Организацијата за збрана на хемиско оружје, утврдија дека Навални бил изложен на отровот „новичок“, развиен во некогашниот Советски Сојуз. Руските власти денеска повторно негираа каква била вмешаност во труењето на Навални.