1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија го возвраќа ударот

ЕМФ / дв
30 март 2018

По исфрлањето руски дипломати од околу 25 држави во светот, Русија не реагираше веднаш со контрамерки. Меѓутоа, сега Москва го возвраќа ударот.

https://p.dw.com/p/2vEFR
Russland Sergei Lawrow ARCHIV
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Makovec

Русија донесе одлука да исфрли десетици западни дипломати од земјата. Притоа, ќе бидат исфрлени 60 американски дипломати, но и дипломати од други држави. Американските дипломати ќе мора да ја напуштат Русија во рок од една недела, а ќе биде затворен и американскиот Генерален конзулат во Санкт Петербург, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Овој чекор на Москва е одговор на одлуката за исфрлање на повеќе од 140 руски дипломати од околу 25 држави во светот, како и од НАТО.

Russland US-Konsulat in Sankt Petersburg
Американскиот конзулат во Санкт ПетербургФотографија: Reuters/A. Vaganov

Во основата на судирот е нападот со отров врз поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кој се случи на почетокот на март, во Солсбери, Велика Британија. Двајцата беа пронајдени во бессознание на клупа во малото гратче. Велика Британија ја обвинува Русија дека е одговорна, поради тоа што наводно за нападот бил употребен боен отров Новичок, развиен во времето на Советскиот сојуз. Москва ги отфрла обвинувањата.

Повеќе:

Исфрлање на дипломати: Шпионирај ме нежно

Шчербак: Македонија ќе биде легитимна цел на Русија во случај на конфликт со НАТО

Со оглед на растечките тензии меѓу Русија и Западот, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди од опасноста од нова Студена војна. Според него, неопходни се „механизми за комуникација и контрола, за да се избегне ескалација и да се спречи работите да излезат од контрола доколку тензиите се зголемат“, рече Гутереш во  Њујорк.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид