1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија: Рекордна парична казна против Гугл

ЖА
24 декември 2021

Русија го зголемува притисокот врз големите интернет-концерни: поради тоа што не избришал „илегални содржини“, Гугл треба да плати казна од 98 милиони долари, реши московски суд.

https://p.dw.com/p/44oJW
Google Suchfenster
Фотографија: imago

Суд во Москва досуди парична казна од 7,2 милијарди рубљи против Гугл, а како причина е наведено дека американскиот интернет концерн во повеќе наврати пропуштил да избрише содржини кои Русија ги смета за илегални. Гугл соопшти дека ќе ја разгледа судската одлука и потоа ќе реши какви чекори ќе преземе.

При изрекувањето на паричната казна, првпат за основа е земен процент од годишниот обрт на  Гугл во Русија, што ја зголемува висината на сумата.  Колкав е точно процентот, судот не соопшти, но според пресметките, тоа изнесува преку осум проценти, што значи дека казната е околу 98 милиони долари.

Владата во Москва  оваа година го зголеми протисокот врз големите технолошки концерни. Критичарите во тоа гледаат обид на  Кремљ за постриктна контрола на интернетот, стравувајќи од закана за слободата на поединците и на претпријатијата. Власта напротив аргументира дека интернет фирмите мора да ги отстрануваат содржините кои поттикнуваат на злоупотреба на дроги или информаци за конструирање на оружје и експлозиви. Не смеат да се шират ниту прилози поврзани со терористички организации.

Во септември суд во Москва го казни Фејсбук со вкупно 245.000 евра, а Твитер со 58.200 евра. Но, актуелната парична казна против Гугл добива нови димензии.