1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Официјална тужба против Фолксваген

Алекса Мајер/Ж.А.5 јануари 2016

Американското министерство за правда и официјално подигна цивилна тужба против Фолксваген поради манипулациите со вредностите на издувен гас. Автомобилскиот производител може да се соочи со казни до 90 милијарди долари.

https://p.dw.com/p/1HY8a
Фотографија: Reuters/F. Bimmer

Околу 600.000 дизел-возила на Фолксваген во САД имаат емисија на издувни гасови повисока од дозволеното. Концернот вградил софтвер за манипулирање на вредностите на штетни гасови во дизел-моделите на Фолксваген, Порше и Ауди, кои на тестирањето се помали отколку на отворен пат.

Во септември Фолксваген ги призна манипулациите. Американското министерство за правда го обвинува Фолксваген за свесно кршење на законот за чист воздух, преку намерно затајување податоци.

Погледнете го видеото:

На Фолксваген му се закануваат милијарди долари казни

„САД ќе ги употребат сите адекватни средства против Фолксваген за да ги анулираат прекршувањата на националните закони во врска со одржувањето на чистотата на воздухот“, изјави заменикот министер за правда Џон Круден во Вашингтон.

Според тужбата, казната може да изнесува 37.500 долари по возило.Освен тоа, Министерството за правда против Фолксваген води постапка за измама. Значи, покрај сегашната граѓанска тужба и постојните околу 500 заеднички тужби на сопственици на автомобили, на Фолксваген во САД му се заканува и кривична постапка.