Својата новинарска кариера Сања ја започнала како известувач за „Информативната програма на радио-телевизијата Војводина“, каде што работела до 2016 година, кога дала отказ на работното место во знак на протест против цензурата. Таа е потпретседател на Независното здружение на новинари на Србија и член на Експертската група за радиодифузија на Европската федерација на новинари.
Сања е добитник на наградата Душан Богавац за етика и храброст во 2016 година, наградата на ЕУ за истражувачко новинарство во 2020 година, Националната награда за достоинствено известување за сиромаштијата и социјалната исклученост во 2023 година и на наградата „Мирдита, Добар дан“ - Награда 2019 година за документарниот филм „Албанките се наши сестри“.