1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дали е на повидок најопасниот сој на коронавирусот?

СН/агенции
26 ноември 2021

Во Јужноафриканската Република се шири варијанта на коронавирусот, која може да биде многу полоша од сојот Делта, кој преовладува во Европа. Бројни држави веќе го ограничија авионскиот сообраќај со јужна Африка.

https://p.dw.com/p/43WFO
Coronavirus Südafrika | Klinik mit Covid-19 Station
Фотографија: RODGER BOSCH/AFP

Ширењето на нова, потенцијално многу опасна варијанта на коронавирусот во јужна Африка предизвика меѓународна загриженост. Експертите стравуваат дека варијантата Б.1.1.529 не само што е многу заразна поради невообичаено голем број мутации, туку може и полесно да ја пробие вакциналната заштита.  

Бројни светски држави веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој, воведувајжи или најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничување на патувањата. Велика Британија и Израел повторно ја ставија Јужноафриканската република и уште пет африкански земји на црвената листа за авионски патувања. 

И германската  влада донесе одлука од утре драстично да го ограничува воздушниот сообраќај со Јужноафриканската Република.  Министерството за здравство објави дека земјата ќе се смета за област на ширење на варијанта на вирусот. „Како резултат на тоа, на авиокомпаниите им е дозволено само да превезуваат германски државјани оттаму во Германија. Дополнително, сите веќе пристигнати ќе мора да бидат во карантин 14 дена - дури и ако се целосно вакцинирани“.

Евеопската комисија исто така сака да го ограничи патувањето од јужна Африка до ЕУ на апсолутен минимум. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер соопшти дека Комисијата ќе им предложи на државите на ЕУ да се активира итна сопирачка за да се прекине воздушниот сообраќај.

Што треба да се знае за сојот Делта?

Светската здравствена организација (СЗО), пак,  денеска ќе одржи итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка, пренесе британскиот Фајненшел тајмс.

Повеќе: Делта сој и новите симптоми: Како ќе препознаете дека сте заразени со коронавирус?

Тулио де Оливеира, директорот на Центарот за реагирање на епидемии и за иновации во Јужноафриканската Република, им ја пренесе на претставниците на СЗО својата загриженост во врска со ковид сојот Б.1.1.529, за кој се стравува дека е најлоша варијанта на ковид идентификувана досега.

Потоа, СЗО одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за Фајненшал тајмс.

Повеќе:

Стручњаците од СЗО  ќе разговараат за тоа дали новиот сој треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загриженост“ или какој сој „од интерес“.

Тулио де Оливеира за време на вчерашната конференција за новинари изјави дека новиот сој има многу голем број на мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста.

Според последните податоци, во Јужноафриканската Република овој сој на коронавирусот е дијагностициран кај вкупно 77 лица. Тој е дијагностициран и кај 4 лица од Боцвана и едно лице во Хонг Конг, кое дошло од Јужноафриканската република.

Некои научници новиот сој го опишаа како најлош од почетокот на пандемијата. Тие наведуваат дека има 32 мутации во спајк протеинот, дел од вирусот кој поголемиот број од вакцините го користат да поттикне одговор на имунолошкиот систем против ковид.

Тоа е речиси двојно поголем број поврзан со делта сојот. Мутациите во спајк протеинот можат да влијаат на способноста на вирусот да ги инфицира клетките и да се шири, но и да им отежне на имунилошките клетки да го нападнат патогенот, наведува британскиот весник Гардијан.