1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот тагува по теророт во Париз

ЖА/КЛ/ЦР/дпа/афп/кна/ртре14 ноември 2015

Францускиот главен град беше погоден од серија напади. Водечките политичари од цел свет ги осудија актите на насилство, изразувајќи сочувство и солидарност.

https://p.dw.com/p/1H5fq
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Watson

Американскиот претседател Барак Обама ги осуди нападите во Париз како „гнасен обид“ за тероризирање на невини цивили. Не се во прашање само нападите во Париз или францускиот народ, туку погодено е целото човештво, истакна Обама во Вашингтон. Прерано е да се шпекулира кој е одговорен за атентатите. Во краткиот разговор со францускиот претседател Франсоа Оланд, Обама му ја понудил помошта на САД во „изведувањето на терористите пред правдата“. Франција е најстариот сојузник на САД, францускиот народ отсекогаш стоел рамо до рамо со Америка, потенцира Обама.

И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со најостри зборови ги осуди терористичките напади во Париз. Тој има доверба во француските власти и сигурен е дека виновниците ќе бидат изведени пред суд.

Советот за безбедност на ОН за нападите употреби формулација „варварски и кукавички терористички атентат“. Највисокото тело на Светската организација соопшти: „Членките на Советот за безбедност на ОН изразуваат најдлабоко сочувство кон семејствата на жртвите и француската влада.“

Angela Merkel zu den Terroranschlägen in Frankreich
Ангела Меркел е длабоко потресенаФотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Меркел е длабоко потресена

Шокираност владее и во Берлин: германската канцеларка Ангела Меркел изјави: „Длабоко сум потресена од вестите и сликите кои стигнаа од Париз. Моите мисли во овие часови се со жртвите на очигледно терористичките напади, нивните најблиски, како и сите жители на Париз.“ Германската влада е во постојан контакт со француската влада и подготвена на помош.

Шефот на кабинетот на Меркел, Петер Алтмајер, еден од најзините најдоверливи соработници, синоќа на Твитер напиша: „Плачеме по невините загинати во Париз. Но, ние никогаш нема да потклекнеме пред омразата, фанатизмот и насилството.“

И германскиот министер за наворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер истакна: „Ние сме на страната на Франција.“

Германскиот претседател Јоахим Гаук исто така е потресен од настаните во Париз и изрази сочувство до францускиот народ.

Солидарност со Французите

Водечките политичари на ЕУ и‘ ја изразија својата солидарност на Франција по серијата напади. „Нашите мисли се насочени кон семејствата на жртвите, а нашата поддршка кон властите“, напиша претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц на Твитер, а слично и претседателот на ЕУ-Советот Доналд Туск и претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер: „Ние сме солидарни со Французите.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја увери Франција во поддршката на членките. Алијансата стои на страната на Франција во борбата против тероризмот, рече тој: „Тероризмот никогаш нема да ја победи демократијата“.

Русија е исто така вџашена од нападите во Париз. „Најдлабоко ги осудуваме нечовечките дела и подготвени сме да пружиме секаква можна помош во истрагата на злосторствата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков во Москва. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Сахарова истакна дека Русија ја дели болката на Франција.