1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Санкции за Шредер поради поддршката за Путин

БГ/ ДВ
19 март 2018

Европски политичари бараат санкции против поранешниот германски канцелар. Украинскиот министер за надворешни работи вели дека санкции треба да ги опфатат оние кои ги туркаат проектите на Путин во странство

https://p.dw.com/p/2uZLg
Deutschland Gerhard Schroeder mit dem russiascher Präsident Wladimir Putin
Во прегратката на Путин- Герхард ШредерФотографија: J. Bauer/AP/picture-alliance

Европски политичари сѐ погласно бараат санкции против поранешниот германски канцелар Герхард Шредер поради тоа што тој ги претставува руските интереси во Европа и светот, во најголем дел, во енергетскиот сектор. Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин за весникот Билд изјави дека ЕУ мора да размисли како ќе одговори на позицијата на Шредер како „најважен лобист на Путин во светот“.
„Важно е да се наметнат санкции не само против руски владини претставници и државни компании, туку и против оние кои ги туркаат проектите на Путин во странство“.
Опишан од „Вол Стрит Џрнал“ како најважен олигарх на Путин, Шредер одржува блиски односи со Русија. Минатата година тој беше именуван во бордот на државниот енергетски гигант Роснефт, кој е цел на санкции од ЕУ и САД.

„Пропагандистот на Путин“

Откако загуби на изборите во 2005 година од Ангела Меркел, Шредер доби функција во бордот на гасоводот Северен Тек кој е контролиран од рускиот Газпром. Подоцна стана и претседател на комитетот на доверителите на Северен Тек 2.
Пред да ја преземе функцијата во Роснефт, Шредер ја бранеше својата одлука изјавувајќи: „Се работи за мојот живот и јас одлучувам, а не германскиот печат“. Но, некои германски политичари не се согласуваат со тоа.
„Скандал е тоа што поранешен канцелар ги претставува интересите на Путин“, смета Елмар Брок, член на Европскиот парламент и експерт за надворешна политика во партијата на канцеларката Меркел, ЦДУ.
Пратеникот на Зелените, Чем Ездемир за Билд изјави дека „е уште повознемирувачки тоа што тој мутираше во пропагандист на Путин“.
Минатата година, Меркел ја опиша одлуката на Шредер да влезе во бордот на Роснефт како „неправилна“. „Не мислам дека тоа што го прави Шредер е во ред“, рече Меркел.

Deutschland Merkel Schröder und Müntefering lachend vor Koalitionsgesprächen 2005
Меркел (лево) го победи Шредер (десно) на изборите во 2005 годинаФотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Bensch

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид