1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северен тек 2: Руско политичко оружје?

Рахел Клајн
24 февруари 2018

Сѐ повеќе се зголемува отпорот против планираниот гасовод Северен тек 2. Пратеници од Европскиот парламент и Бундестагот сакаат да се спречи изградбата на трасата. Прашања и одговори за еден многу контроверзен проект.

https://p.dw.com/p/2t8ln
Erdgas - Rohre für Nord Stream 2
Фотографија: picture alliance/dpa/J. Büttner

До крајот на 2019 година, рускиот концерт Газпром сака да го заврши гасоводот Северен тек 2. Паралелно со гасоводот Северен тек, кој беше отворен во 2011 година, гасоводот ќе пренесува природен гас од Русија преку Балтичко Море директно до Германија.

Кој стои зад најновиот протест?

Седум пратеници од Европскиот парламент и Бундестагот од ЦДУ, ЦСУ, ФДП и Зелените, меѓу кои и Елмар Брок (ЦДУ) и Манфред Вебер (ЦСУ). Во гостински коментар за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг" ја повикаа германската влада „да заземе јасен став". Тие понатаму пишуваат, Северен тек 2 политички ја подели ЕУ. „Европската енергетска политика и солидарност со нашите соседи е во спротивност со Северен тек 2".

Со овој повик треба да се мобилизират противниците на проектот. „Се надеваме дека ќе има широка дебата во Германија и останатите земји по ова прашање", вели Брок за Дојче Веле.

Зошто гасоводот би ја поделил Европа?

Гасоводот би ја зајакнал германската моќ на пазарот со природен гас. Пред се земјите од Источна Европа стравуваат од укинување на транзитните такси и милијарди евра загуба ако помалку се користат постоечките гасоводи во нивните земји. Покрај тоа, многу земји стравуваат од зголемена зависност од рускиот гас. Фактот што Германија продолжува со проектот и покрај загриженоста на своите европски партнери, предизвикува многу реакции. 

Повеќе на темата:

-Тројански коњ на Русија во ЕУ

-Дошепнувачот на Кремљ - Герхард Шредер

-Екс-канцеларот им задава главоболки на неговите Социјалдемократи

И ЕУ е загрижена: енергетската унија е во опасност. Со неа всушност треба да се спречи едностраната зависност од рускиот гас, да се обезбедат повеќе патишта за испорака и да обезбеди сигурност во снабдувањето.

Karte Nord Stream Pipeline ENG

Која е официјалната германска позиција за гасоводот?

Германската влада застанува во одбрана на изградбата на гасоводот. Министерот за надворешни работи Зигмар Габриел постојано зборува за поддршка на проектот и застанува во одбрана на Русија како сигурен снабдувач на енергија.

Германската канцеларка Ангела Меркел првпат минатиот петок изјави дека Северен тек 2 е чисто економски проект и претприемачка одлука.

Кој сѐ е против Северен тек 2?

Многу политичари се против ставот на Меркел и ја нагласуваат политичката компонента: „Енергијата од секогаш е политичко оружје. И самиот Путин го истакна тоа," вели Елмар Брок. „Поради тоа одделување на политиката и економијата во случајов е екстремно опасна."

Германско-руските односи во моментов се лоши, меѓу другото и поради кризата во Украина, но и поради руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Критичарите поради тоа бараат засега да нема промена во односите со Русија. Стравувањата се дека Германија би можела да стане политички и економски ранлива.

Зелените се против гасоводот и поради еколошки причини. Тие велат дека уште еден гасовод може да ги влијае врз користењето на фосилни горива.

Каков отпор има во странство?

Најактивни противници се Полска, Балтичките земји, Словачка и Украина. Дел од земјите сметаат дека им се загрозени безбедносните интереси, други стравуваат од економски негативни последици.

Преку дополнителната директна врска со Германија можно е постоечките гасоводи од Полска, Словачка или Украина да бидат заобиколени и со тоа да бидат излишни. Со Северен тек 2 ќе може да се транспортира двојно повеќе гас од Балтичкото Море во Германија од досега. Покрај тоа, од 2015 година, Полска има свој терминал за теченприроден гас и не и е воинтерес на европскиот пазар да има уште поефтин руски гас.

Се стравува и од понатамошна дестабилизација на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин во минатото изјави дека намерно сака да ја заобиколи Украина. Со тоа Украна може да загуби две милијарди евра транзитни такси. Андриј Коболев, извршен директор на украинската компанија за гас "Нафтогас", се плаши и од голема руска воена операција против Украина веднаш штом рускиот гас ќе престане да тече низ земјата.

И САД е против гасоводот – тоа го нагласи американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон. И тој стравува дека Русија може да ја употреби испораката на гас како средство за притисок. Покрај тоа САД сакаат да ја зголемат продажбата на својот гас на европскиот пазар.

Nord Stream 2 - Insel Rügen
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Sauer

Потребен ли е уште еден гасовод од Балтичко море?

Има различни мислења по ова прашање. Германската влада нагласува дека со овој гасовод ќе се зголеми сигурноста на снабдување со гас во Европа. Кирстен Вестфал, енергетски експерт од Институтот за наука и политика вели: „Од економска гледна точка проектот има смисол." Обемот на проиводството во ЕУ ќе продолжи да се намалува , а новите рускиполиња со гас се се подалеку на север. Оттука, кратката врска со Германија е добро решение, објаснува Вестфал.

Може ли сѐ уште да се спречи Северен тек 2?

Теоретски да. Гасоводот треба да поминува низ водите на Русија, Финска и Шведска, покрај данскиот остров Борнхолм до Германија. Секоја земја мора да издаде дозвола. Во Германија се издадени делумни лиценци. Данска првично најави отпор, но останува да се види дали тоа ќе се оствари. И ЕУ се обидува преку промена на одредбите за гасоводи да влијае врз проектот. Исто така санкциите на САД против Русија може да ги погодат и европските компании кои ќе ја кофинансираат изградбата.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид