1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попис во време на пандемија

ДТЗ /ДВ
11 декември 2020

Северна Македонија забрзано се подготвува за обемната статистичката операција која треба да се спроведе во април и која што ќе чини околу 8 милиони евра.

https://p.dw.com/p/3mbOC
Mazedonien Skopje Passanten
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Северна Македонија забрзано се подготвува за обемната статистичката операција која треба да се спроведе од 1 до 21 април идната година и која што ќе чини околу 8 милиони евра. Овој попис ќе биде специфичен, бидејќи нема да се одвива на традиционален начин, туку со примена на комбиниран метод. За разлика од претходно, во план е да има електронски прашалници на лаптопи и комуникација со бази од каде автоматски ќе се преземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен. Овој начин се очекува да обезбеди квалитетен попис, со кој ќе се надминат пропустите од минатите пописи, ќе се скрати времето на спроведувањето, но и ќе се добијат брзи резултати. Законот овојпат е прецизен и предвидува веќе за шест месеци по одржувањето на пописот, да се обелоденат и резултатите. 

Пописот и пандемијата

„Подготовките за пописот почнаа одамна, бидејќи попис не се подготвува за месец, два, или година дена, туку подолг временски период. Веќе долго време се подготвуваме“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика. Тој на панел дискусијата „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, во организација на Цивил, изрази надеж дека законот за попис ќе биде изгласан во парламентот и ќе нема никакви спротивности, бидејќи, како што рече, ова е операција која треба да донесе бенефит на граѓаните во државата.

- повеќе на темата: Попис по нов метод, но со стари дилеми

Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика смета дека новиот начин на кој ќе се спроведе пописот е новост за државата и дека Државниот завод за статистика се труди да придонесе високи резултати за да се добијат податоци што побрзо. Според него, политиката и партиите треба да се тргнат од пописот и да не се обидуваат да манипулираат со податоците или во процесот на спроведување.
Пописот е најсложена финансиска конструкција и бара ангажирање на голем број човечки ресурси. Тоа што ќе треба да се реализира во време на пандемијата со Ковид-19, дополнително ги усложнува работите. Герасимовски вели дека поради големиот број на заболени и починати, луѓето се во дилема во однос на безбедноста и за тоа како ќе се одвива, но дека одредени земји мислат дека ќе може да се спроведе сепак во тој период. Затоа е во план да бидат преземени сите заштитни мерки - попишувачите ќе носат заштитна опрема за да се заштити себе си и лицата коишто ги посетуваат.  

Сите очи вперени во пратениците

По година и пол во собраниската архива, предлог – законот за попис со европско знаменце се најде пред пратениците, но предизвика жестока дебата во собраниската Комисија за европски прашања. 

- повеќе на темата: Името на пописот: Тргни, застани!

Законот е ставен на планарна расправа во понеделник на 14 декември. По донесувањето на законот ќе можат да се формираат регионални комисии за спроведување на пописот. Надлежните се надеваат дека пратениците ќе го изгласаат законот, имајќи предвид дека станува збор за операција која треба да донесе бенефит на граѓаните во државата. 

 Mazedonien, Skopje: Parlamentssitzung über Verfassungsänderung
Законот е ставен на планарна расправа во понеделник на 14 декемвриФотографија: Regierung Mazedonien

Кој ќе биде опфатен со пописот?

Според законот со пописот ќе бидат опфатени сите државјани на С. Македонија без оглед дали се во земјава или странство. Потоа оние кои се во земјава со дозвола за престој, но и лицата без државјанство. На терен е планирано да има 5.000 попишувачи и уште околу 500 контролори. 
Одговорен за пописот ќе биде Заводот за статистика, а во него ќе учествуваат и Совет за статистика, комисии за 45 пописни реони, државните инструктори, реонските инструктори, реонските попишувачи и други учесници кои ќе бидат ангажирани за него. 
Директорот на заводот за статистика Апостол Симовски вели дека со овој закон се прават обиди да се надминат и да не се повторат грешките кои беа направени на минатиот неуспешен попис. Станув збор за пописот од 2011 година, кој беше прекинат поради сомневања за фалсификат. Поранешното СЈО отвори и истрага пописот во март 2018 година, а лани во септември предметотпремина во рацете на редовните обвинителства. Последниот валиден попис во Македонија е спроведен во 2002 година. 

Пописот во Македонија што успева секоја година

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи