1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО се надева на крај на пандемијата во 2022 година

Кристијан Валц
22 август 2020

Светската здравствена организација објави насоки за носење маски во борбата против пандемијата на коронавирус. СЗО се надева дека пандемијата ќе заврши за две години.

https://p.dw.com/p/3hLJa
Schweiz Genf WHO Treffen | Tedros Adhanom Ghebreyesus
Фотографија: picture-alliance/Xinhua/WHO

„Децата над дванаесет години би требало да носат заштитни маски под исти услови како возрасните, особено ако не е можно да се одржи минимум растојание и доколку стапката на инфекција во регионот е висока“, се вели во новите насоки што Светската здравствена организација ги објави во соработка со УНИЦЕФ.

Се’ уште има нејаснотии околу улогата на децата во пренесувањето на коронавирусот, оценува СЗО. Има низа укажувања дека малите деца се помалку приемчиви за корона-инфекција отколку возрасните, но други податоци укажуваат на тоа дека тинејџерите при пренесувањето на коронавирусот „играат покативна улога отколку помалите деца“.

Повеќе:

Коронавирусот се пренесува преку дишење, кои маски помагаат?

Влажноста е клучна за ширењето на коронавирусот, тврдат научниците

Германија: Бројот на новоинфицирани со коронавирус постојано се зголемува

Децата на возраст под пет години, според СЗО и УНИЦЕФ, не би требало да носат заштитни маски, зашто тоа било во општ интерес на децата и нивната безбедност. И за децата со пречки во развојот или хендикеп не би требало да важи обврската за маски, нагласуваат СЗО и УНИЦЕФ.

Што се однесува до децата помеѓу 6 и 11 години, носењето маска може да има смисла, како на пример во региони кои се тешко погодени од пандемијата или при контакт со лица од ризични групи. Во таков случај, меутоа, во билизина би требало да има лице за надзор, за да им се помогне на децата за безбедно користење на маската.

Frankreich | Gesichts-Visier als Schutz vor dem Coronavirus
Се’ уште има нејаснотии околу улогата на децата во пренесувањето на коронавирусотФотографија: Getty Images/AFP/D. Meyer

Крај на пандемијата во 2022?

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус се надева дека „оваа пандемија ќе заврши за помалку од две години“. Со помош на „максимално искористување на средствата кои стојат на располагање“ и надежта за вакцина, тој смета дека пандемијата може да заврши побргу отколку Шпанскиот грип, кој избил во 1918 година. Од Шпански грип во рок од две години, според груби проценки, во светот починале околу 50 милиони луѓе.