СИПРИ: Расте продажбата на оружје во светот, предничат САД
9 декември 2019Продажбата на 100-те најголеми производители на оружје и понудувачи на воени услуги во 2018 повторно е зголемена. Нивните приходи изнесувале вкупно 420 милијарди американски долари, односно 4,6 проценти повеќе од 2017 година.
Во споредба со продажбата на оружје од 2002 година, на светско ниво во 2018 таа пораснала за 47 проценти. Тоа се наведува во новото истражување на СИПРИ кое ги опфаќа најголемите 100 производители на оружје во светот. Кина во студијата не е земена во предвид поради недостиг на веродостојни податоци.
Плусот во продажбата особено се должи на петте најголеми американски компании. И европските компании ги зголемиле обртите, макар и само за 0,7 проценти, тие изнесуваат околу 92 милијарди евра.
Продажбата на руските компании пак се намалила за 0,4 проценти. Тие минатата година имале обрт од 32,5 милијарди евра.
Продажба: САД на прво место
Десетте најголеми компании за производство на оружје во светот својата продажба ја зголемиле за 5,8 проценти, на вкупно 190 милијарди евра. За првпат од 2002 година, во групата на пет најголеми производители на оружје се повторно исклучиво американски компании.
На нив отпаѓаат 35 отсто од продажбата на 100-те најголеми компании во светот.
Првото место и натаму неоспорно го држи американската компанија Локхид Мартин, која продажбата ја зголемила за 5,2 проценти во 2018 и која има удел од 11 проценти во 100-те најголеми фирми на светот.
Зголемувањето пред се` се должи на продажбата на воениот авион Ф-35 на владата на САД и други земји во светот.
Втората најголема компанија Боинг остварила продажба од 26 милијарди евра. Зголемувањето го забележала, како што СИПРИ се повикува на податоци од владата на Трамп, благодарение на „меѓудржавен стратешки натпревар".
Во документите се вели дека американската влада пред се` влегла во натпревар со двата најголеми предизвикувачи, Русија и Кина.
Според истите документи, американската влада ја реализира нејзината во 2017 самонаметната обврска да го надгради военото вооружување.
Освен тоа, во 2017 неколку компании за вооружување се фузионирале, што една година подоцна се одразило преку зголемување на нивните приходи.
„Фузионирањата и преземањата компании кои се последица на таквата обврска укажуваат на тоа дека американските производители на оружје сметаат на технички компликувана програма", се вели во студијата на СИПРИ.
Велика Британија добро плива во бизнисот
7 од 100-те најголеми производители на оружје се од Европа. Најголем производител на оружје ид Западна Европа останува Велика Британија, а веднаш зад неа е Франција.
Најголема британска компанија за оружје е мега концернот „BAE Systems" со повеќе од 83 илјади вработени. Британските компании за оружје во 2018 имале обрт од 31,8 милијарди евра, француските од 21,08 милијарди евра и германските од 7,63 милијарди евра.
Уделот на германските компании во обртот на меѓународната индустрија со оружје е намален за 3,8 проценти.
Двете транс-европски компании, Ербас и Матра БАе Дајнемикс Аероспејл заедно имаат приходи од 13,99 милијарди евра.
Повеќе:
Се заканува ли трка во вооружување?
Светот дава сѐ повеќе пари за оружје
Време на забрзано вооружување на Американците, Русите, но и на Кинезите
Крвавата трага на германскиот Калашников
Русија „дава гас“
Руските компании забележале продажба во вредност од 32,88 миларди евра и имаат удел од 8,6 проценти во светското производство на оружје.
Од 2009 година уделот на руските компании во светските приходи од производство на оружје континуирано расте, информира СИПРИ.
„Тоа особено се должи на поголемите руски инвестиции во набавка на оружје, поврзано со имплементацијата на големиот воен план за модернизација за периодот од 2011 до 2020 година, како и во помал обем на порастот на извозот на оружје."
Во листата на топ 100 се и компании од 8 други земји: Израел, Индија, Јужна Кореја, Турција, Австралија, Канада и Сингапур. Заедно бележат обрт од 32,89 милијарди евра.