1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слаба или силна „Исламска држава“?

Керстен Книп/сн26 март 2016

„Исламска држава“ претртпе тешки порази во Сирија и во Ирак. Но ни оддалеку не е победена. Мрачен доказ за тоа се крвавите атентати во Брисел. Заслабените позиции во Сирија и Ирак се причина повеќе за напади во Европа

https://p.dw.com/p/1IH30
Фотографија: picture alliance/AP Photo/Raqqa Media Center

Заканата е толку голема што сега дури се креваат и градски бедеми. Околу Багдад ирачките работници веќе крена стотина километри долг ѕид, а планот е тој да се протега околу целиот град. Ирачаните се надеваат дека така конечно ќе ги запрат самоубиствените бомбашки напади на екстремистите од „Исламска држва“ (ИД) во градот.

Такви напади во изминатите недели има сѐ повеќе. На почетокот на март, возач на камион наполнет со експлозив усмрти педесетина луѓе, а уште толку беа ранети. Кратко по тоа, двајца напаѓачи на пазар во шиитска населба во Багдад активираа елеци со експлозив. Во тој напад загинаа повеќе од 70 луѓе. Само во февруари во цели Ирак во такви напади страдаа 670 лица.

Сепак, многумина сметаат дека ѕидот нема многу да помогне. Сад Матлаби, директор на Комитетот за безбедност на советот на покраината Багдад потсетува дека речиси сѐ што е потребно за експлозивните леци на напаѓачите -самоубијци може да се купи во самиот Багдад. Во градот има и многу сунити кои ја поддржуваат ИД, предупредува Матлаби во разговор за парталот „ Ал Монитор“.

Syrien Russland Truppenabzug
Фотографија: Reuters/Russian Ministry of Defence/V. Grishankin

Нова насилничка стратегија на ИД

Недовербата која и натаму владаа меѓу сунитските и шиитските муслимани во Ирак во голема мерка ѝ оди од рака на ИД. Сунитите не можат да го прежалат повластениот статус кој го имаа за време на Садам Хусеин и сметаат дека се загрозени од шииттие кои ги има повеќе. Затоа и ако се водат некакви акции против сунитската ИД, ирачките официјални сили често и не се трудат претерано многу. Сепак, погледнато од воен аспект, ИД , посебно во Ирак во изминатиот период загуби повеќе градови, важни упоришта, сообраќајници, но и извори на приходи. Но тоа не ја прави помалку опасна, со оглед дека ја има променето стратегијата, предупредува германскиот експерт за Блискиот Исток, Штефан Росини. „ Започнаа да се здружуваат со екстремистички организации и да изведуваат напади и во други земји“. Росини објаснува и зошто: „Со тоа сакаат да покажат дека и натаму се успешни и оти напредуваат“. Но и овој експерт констатира дека сѐ на сѐ ИД се повлекува и губи територии.

Затоа „Исламска држава“ се труди да освои нови подрачја на друго место, пред сѐ во Либија. Таму веќе со месеци изгледа како да се бори секој против секого, а и покрај сите напори на светската заедница да ги обедини, во Либија и натаму има две влади и два парламента. Така и доброволците од земјите од Магреб кои сакаат да и пристапат на ИД повеќе не се испраќаат во Сирија или во Ирак туку заминуваат во Либија.

Причина повеќе и за напади во Европа

На крајот од февруари францускиот весник „Монд“ објави дека очигледно против ИД во Либија се борат и западните сојузници. Весникот потврдува дека во таа земја се наоѓаат специјални единици на тајни задачи и тоа не само од Франција, туку и од САД и од Велика Британија. Но тоа јавно не се кажува: „Последно нешто што сакаме е воена интервенција во Либија“ , гласи цитатот на еден анонимен дипломат, кој го пренесува весникот. Целта не е отворена војна, туку да се спречи ИД да се прошири и во Либија и да освои подрачја врз кои ќе ја има контролата.

Syrien IS Kämpfer Symbolbild
Фотографија: Imago/ZUMA Press

Росини потсетува дека на западните сојузници целта и во Либија им е да спречат ИД да се пофали до новоосвоени подрачја а со тоа и со успеси. Сепак, за да создаде таков впечаток на ИД ѝ остануваат терористичките напади во други земји на Блискиот Исток , но и во Европа. „Тоа на некој начин е напад како одбрана. ИД сака да покаже дека сѐ уште е силна и оти може да нападне насекаде“, вели Росини.

Од рака на екстремистите им оди уште еден факт: сѐ поголемата сиромаштија и кризата во многу земји од регионот, предупредува Џејн Кинимонт од лондонскиот институт „Четам хаус“. Таа криза предизвикува потрага по некој друг вид идентитет и ривалство со други групи: „Тоа посебно можеше да се види по американската инвазија на Ирак во 2003 година и во Сирија по почетокот на отпорот во 2011 година“. Традиционално шиитите и сунитите впрочем живеат во мир едни со други, но тој тренд се насочува во спротивна насока, истакнува Џејн Кинимонт.

Омразата и нетрпеливоста редовно им помагаат на екстремистите на ИД и тоа всушност е една од причините и за нападите во Европа, предупредува Росини: поттикнување омраза кон муслиманите па потоа и европските муслимани да бидат вратени под закрилата на „Исламска држава“. „ИД најнапред ги навредуваше бегалците кои избегаа во Европа како одметници и неверници, но сега повторно се обидува да ги привлече кон својата идеологија“.