Случаи на птичји грип во Источна Франција
5 јули 2007Реклама
Вирусот на птичји грип е откриен кај три лебеди во Источна Франција. Ресорното министерство нареди затворање на зоната околу езерото Асенонкур каде се пронајдени птиците со смртоносниот Х5Н1 за да се утврди дали тој зафатил и други диви птици. Пред два дена и кај една дива птица пронајдена во источна Германија беше потврдено пристуството на птичји грип.