1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смее ли на Либија да и се доставува нуклеарна технологија?

27 јули 2007

Постои реална опасност од создавање втор Иран во Африка - ја коментираат дел германските весници најавата на претседателот на Франција Никола Саркози дека ќе ја снабдува Либија со модерна нуклеарна технологија.

https://p.dw.com/p/BMlQ
Може ли да му се верува на Гадафи?Фотографија: AP
Весникот Берлинер цајтунг пренесува:

“Моамер Ел Гадафи повторно е во милост на политичките салони. Најнапред Западот му го позлати носот , затоа што ги пушти на слобода бугарските медицински сестри кои на сомнителен начин беа осудени на смрт. А сега пустинскиот диктатор добива в раце и нуклеарна централа но и оружје. Но тие раце не се чисти. Зар веќе е заборавено дека тој беше длабоко вмешан во нападот на авионот над Локерби , дека финансираше терористички организации , дека едноставно обезбеди доволно докази за својата непресметливост”

Бадише цајтунг од Баден Баден пак бара и друг вид врски меѓу случувањата:

“Мотивот на Франција вака фино да постапува со прекуморското средоземје е јасен. Геополитичкото влијание. Поради тоа Франција е подготвена да заборави побрзо од другите и да игра на секој адут, па и на оној атомскиот. Со оглед на оваа постапка на Французите, на Русите уште само може да им се советува полека да ја привршат изградбата на нуклеарната централа во Иран. Најнакрај за десет до дваесет години улогата на злобниот Иран би можела од темел да се промени”

Весникот од Дизелдорф, Тагесблат пак во сето ова открива и германска врска:

“На либискиот диктатор Гадафи му се сервира атомска технологија на послужавник , а во тоа учествува и германската индустрија. Тоа што во Сименс во Минхен никој не го огласува проектот на големи ѕвона , веќе говори само за себе. Но вакви бизниси никој не може ни да забрани. Токму како што и на Либија да користи атомска технологија во цивилни цели. Триполи го потпиша договорот за неширење на атомското оружје . Но сега Саркози треба да биде цврсто држен за зборот . Тој го воведе Гадафи во игра и следстевено на тоа негова обврска е да спречи втор Иран во Африка”

Во берлинскиот Тагесцајтунг пак читаме:

“ Доколку ЕУ некогаш воопшто стремела кон кредибилна политика на планот на човековите права, сега може да се прости од тоа. Бидејќи патувањето на саркози во Либија и неговите нуклеарни и воени дилови се само продолжение на фарсата со наслов: Брачниот пар Саркози ги спасува бугарските медицински сестри. Тие се бламажа на Европа”