1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сметот, Камора и политичарите

Кирстин Хаузен/ Симе Недевски8 јули 2014

Поранешниот бос на Камора, Антонио Јовине им влеа страв во коски на италијанските политичари откако одлучи да соработува со правосудството. Сега се откриени први детали за нелегалното отстранување на отпад.

https://p.dw.com/p/1CXIM
Neapel Vesuv Müll
Фотографија: Franco Origlia/Getty Images

Иако поради невиниот и младешки изглед прекарот на Јовине во кланот му беше "o'ninno" или „бебе“, овој 50- годишен маж е тежок криминалец, кој е осомничен за убиства и најтешки еколошки гревови. Неговото криминално досие е толку големо и неговата казна е толку голема, така што затворот веројатно ќе го напушти во длабока старост. Можеби затоа одлучи и да проговори. Јовине , кој се наоѓа во строг затвор од 2010. година, во мај годинава одлучи да соработува со правосудните органи.

Вносен бизнис со сметот

Покрај што ја раскажа својата лична приказна за влегување во криминалниот клан и подемот во Камора, Јовине на државното обвинителство во Неапол детално објасни како течел бизнисот со отпадот и со неговото незаконско отстранување. Од доцните деведесети години на минатиот век. Камора на депониите отстранувала секаков вид отпад од Неапол, вклучувајќи и опасен отровен отпад и така контаминирала големи области од италијанскиот регион Кампанија.

Antonio Iovine
Антонио ЈовинеФотографија: Roberto Salomone/AFP/Getty Images

Јовине вели дека кризата околу отпадот во Неапол, која беше ударна вест ширум светот во 2008. година, била божји дар за Микеле Цагарија, босот на Камора, кој имал одлични контакти со регионалните политичари, кои пак под итно морале да го тргнат од глава тој проблем. Цагарија платил поткуп сметот да се отстрани од улиците и да се однесе на земјиште кое било во негова и во сопственост на негови роднини. Тој основал лажна фирма која на јавен тендер го добила договорот за отстранување на отпадот. Личноста одговорна за овој тендер на Цагарија му рекла која сума да ја понуди на тендерот за да ја добие работата.

Депонија во природен резерват

Но тоа не е сѐ. Голем дек од отпадот не бил закопан под земја, туку во пластични вреќи, изложен на сонце, полега гниел. Околното население започнало да протестира поради неиздржливата смрдеа. Протестите на загрижените граѓани беа будно следени од медиумите и под притисок се најде и тогашната италијанска влада на чело со премиерот Силвио Берлускони. Со оглед дека немаше доволно постројки за согорување на отпадот и оти транспортот во Германија и Холандија беше скап, по итна постапка беше донесена уредба со која се легализира дотогаш нелегалната депонија во подножјето на Везув. На хартија, бидејќи во реалноста, таа огромна јама на никаков начин не одговараше на безбедносните стандарди кои треба да ги има вистинска депонија.

Italien Müll in den Straßen von Neapel Protest
Фотографија: Anna Monaco/AFP/Getty Images

Мајки против ѓубрето

Јамата и натаму постои. И уште официјално е депонија која прима отпад од сите краишта на Италија а се наоѓа среде Националниот парк околу вулканот Везув. Кога Мина Еспозито наутро ги крева ролетните, Везув го поздравува со пријателско „Доброутро“ „ Ние живееме во хармонија со вулканот. Тој тука е многу подолго од нас“, вели оваа домаќинка и мајка на две деца. Со заканата од можна вулканска ерупција може да живее , ама не се согласува отровот од депонијата да го загрозува здравјето на нејзините деца. Затоа Мина е една од оние кои ја основаа граѓанската иницијатива "donne vulcaniche " – „жени на вулканот“.

Жените од местото Боскореале во подножјето на вулканот се бунтовни и имаат многу непријатели. Локалните политичари со помош на полицијата ги отстрануваат од состаноците на месната заедница, бидејќи тие бараат да се затвори депонијата и за тоа се борат како на суд така и со спектакуларни протестни акции. Со оглед дека смрдеата од отпадот повеќе не е толку голоема, опадна вниманието на медиумите и никој повеќе не се прашува како би требало да изгледа долгорочното решение за проблемот за остранување на отпадот.

Italien Müll in Neapel bei Vesuv
Фотографија: picture-alliance/ROPI

Кавга околу бројот на тумори

Понекогаш во италијанските медиуми се појавуваат алармантни бројки: во последниве години во некои области на Кампанија надпропорционално пораснал бројот на заболени од тумори. Меѓутоа нема податоци кои тоа би можеле и официјално да го потврдат. „Политичарите го спречуваат тоа“, налутено вели Мина Еспозито. Дури и организациите за заштита на животната средина се загрижени за флората и фауната во Националниот парк околу Везув, поради отстранувањето на отпад со сомнително потекло.

Зашто владината уредба од 2008. година не е укината и овозможува складирање на отпад без вооичаено неопходните тестови. Уредбата првобитно создадена за решавање на вонредната состоја со сметот во Неапол сега е покритие за политиката која избегнува одговорност, бидејжи секој кој има раота со сметот, порано или подоцна доаѓа во контакт со Камора. Тој бизнис е премногу вносен , за мафијата да се откаже од него.