Смртна казна поради корупција во Кина
8 јули 2013Судот, исто така, го конфискува целиот негов имот и доживотно го лиши од сите политички права. Според медиумите, судскиот процес против поранешниот министер претставува тест за новиот претседател Ши Џинпинг во борбата против корупцијата.
Лиу, кој беше обвинет за поткуп и пречекорување на службените овластувања, од 1986 до 2011 година од различни лица добил мито во вредност од 64,4 милиони јуани, односно 10,53 милиони долари. Во февруари 2011 година тој беше отпуштен од функцијата поради сериозни дисциплински прекршоци. Тогаш беше покрената истрага за неговата вмешаност во голем корупциски скандал во областа на изградбата на железничката инфраструктура. Во мај 2012 година Централната комисија на Кинеската комунистичка партија го исклучи од партијата. Според кинеското законодавство смртната казна со отстапка може да биде заменета со доживотен затвор.