Германците брзаат да купат билет од девет евра месечно со кој во месеците јуни, јули и август можат неограничено да се возат со јавен превоз - автобуси, метро и регионални возови низ цела Германија. Билетот го финансира владата, во рамките на мерките за растоварување на граѓаните поради високите цени на енергијата и високата инфлација.