Со приватни доверители во спас на Грција!
17 јуни 2011„ Првиот е доброволното учество, што е од големо значење.Потоа е обврската за враќање на кредитите, што значи нема да има ненаплатени долгови. Трет принцип е брзината на донесувањето на програмата и конечно согласноста со Европската централна Банка“, објасни францускиот претседател Саркози.
Поддршка за Папандреу
„ Посакуваме учество на приватните доверители на доброволна база. Подвлекувам - на доброволна база, што значи дека нема правна основа за нивно задолжително учество и тоа ќе треба да се дефинира заеднички со Европската централна банка. Нема противречности и мораме брзо да дејствуваме за да има јаснотија во целата работа. Дискутиравме цел мај, сега и јуни, без да се дојде до решение“, забележа канцеларката Меркел.
Инаку, вклучувањето на приватните доверители во програмата за помош Меркел го окарактеризира нарече „разумно“ решение, подвлекувајќи дека мошне значајно е и Грција да си ги исполни обврските за штедење што е всушност и предуслов за ангажманот на ММФ, Европската централна банка и Европската комисија. Таа објасни дека по сите турбуленции што деновиве се случуваат во Атина, Германија и Франција и натаму стојат зад премиерот Папандреу, кој очекува сигнал од престојниот министерски совет од кој практично ќе зависи - дали втората програма за штедење ќе мине во грчкиот парламент.
Автор: Силвера Падори-Кленке
Редактор: Симе Недевски