1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Состојбата со коронавирусот е „многу загрижувачка“

БГ/ ДПА
28 јули 2020

Водечкиот германски експерт за контрола на болести апелираше до граѓаните да бидат подисциплинирани поради растечкиот број на зараза со коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3g4lP
Deutschland Berlin | Coronavirus | Lothar Wieler, RKI
Фотографија: picture-alliance/dpa/AFP/T. Schwarz

Состојбата е „многу загрижувачка“, изјави Лотар Вилер, претседател на Институтот Роберт Кох на прес-конференција во Берлин. 
Германија долго време ја држеше под контрола пандемијата, но трендот сега е загрижувачки, и реална е заканата од втор бран. Причината, според експертот, е што многу граѓани се опуштиле и престанале да ги почитуваат хигиенските препораки и мерките наменети за спречување на заразата. Се работи за почитување на социјалната дистанца, носење маска и често миење раце.
Вилер ги критикува оние кои не ја сфаќаат сериозно пандемијата, напаѓајќи ги луѓето кои одат на масовни забави како „несовесни“. И од годишноодморците се бара да се придржуваат до правилата и кога се надвор од државата.

Вилер вели дека е прерано да се каже дали е ова почеток на втор бран на коронавирусот, но не ја исклучува таа можност.

Кон крајот на минатата недела бројот на новозаразени со коронавирус се движеше до околу 800 дневно, откако претходно долго беше ограничен на 300 до 500 случаи дневно. Од петокот досега, бројките опаѓаат и во вторникот достигнаа 600 случаи. Повеќето случаи се поврзани со локални кластери во покраините Северна Рајна Вестфалија и Баден-Виртемберг.

Германија постепено ги укинуваше рестрикциите кои беа наметнати во март, на почетокот на пандемијата, иако носењето маски и натаму е задолжително во продавници и во јавниот транспорт. Од средината на јуни беа отворени и границите за патување во рамките на ЕУ, додека за сите патници од ткн. ризични земји се воведени задолжителни ПЦР тестови на границата.

Корона-криза: Барања за повторно отворање на борделите во Германија

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема