1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД го номинира Олаф Шолц за кандидат за канцелар

БГ /РТР
10 август 2020

Германските социјалдемократи денеска го предложија актуелниот министер за финансии Олаф Шолц како главен кандидат на парламентарните избори закажани за следната година. Партијата на Меркел уште не одлучила за наследник

https://p.dw.com/p/3gipg
Berlin | Pressekonferenz: Bundesfinanzminister Olaf Scholz
Фотографија: Getty Images/M. Tantussi

Актуелниот министер за финансии и најпопуларниот социјалдемократ во земјата во моментов, Олаф Шолц е првиот кандидат кој влегува во битката за наследник на Ангела Меркел на канцеларската функција во земјата. Меркел најави дека актуелниот четврти мандат на чело на владата ќе биде и нејзин последен.Одлуката на социјалдемократите значи политички камбек за поранешниот градоначалник на Хамбург, кој минатата година беше поразен на внатрепартиските избори за лидер на Социјалдемократската партија (СПД) од двајца аутсајдери.
„Сега и официјално. Партиското раководство едногласно ме номинираше за кандидат за канцелар. Очекувам интересна, фер и успешна кампања“, напиша Шолц на Твитер.
Конзервативците се уште не одлучиле кој ќе биде нивниот кандидат за наследник на Меркел, која ја предводи владата без прекин од 2005 година.
Шолц се соочува со тежок предизвик. Неговата СПД нема победено на сојузните избори уште од 2002 година, а во меѓувреме анкетите покажуваат дека далеку заостанува зад двете водечки партии: ЦДУ на Меркел и Зелените. Шолц е трет најпопуларен политичар во Германија зад Меркел и актуелниот министер за здравство од редовите на ЦДУ, Јенс Шпан.
Социјалдемократите ќе се надеваат дека трансформацијата на Шолц, од проповедник на строги мерки на штедење до заговорник на масовна програма за економска стимулација, за време на кризата со пандемијата на коронавирусот, ќе им донесе поголема поддршка на изборите следната година.
„Номинацијата на Олаф Шолц е добра одлука во вистинско време“, изјави поранешниот канцелар и лидер на СПД, Герхард Шредер.

Лидерскиот тандем на СПД, Саскиа Ескен и Норберт Валтер-Борјанс во неделата за првпат отворено најавија дека ќе бидат отворени за создавање владина коалиција во која, освен Зелените, би влегла и Левица- партија наследник на поранешните источно-германски комунисти.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи