1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сојузното собрание го избира германскиот претседател

Нина Веркхојзер
11 февруари 2017

Во Германија денеска се избира нов сојузен претседател. За резултатот од гласањето нема дилеми: од петте кандидати, само Штајнмајер има широка поддршка.

https://p.dw.com/p/2XOJh
Bundesversammlung 2012
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Hanschke

Оној кој денеска (12.02.2017) ќе се најде во зградата на парламентот во Берлин, би можел да зачудено да се прашува: што прави овде фудбалскиот селектор Јоахим Лев? И зошто кон пленарната сала тргнале актерката Ирис Бербен и комичарот Хапе Керкелинг? Тројцата имаат едно заедничко: тие се избирачи во Сојузното собрание кое гласа за новиот Сојузен претседател на СР Германија.

Сојузното собрание има вкупно 1260 членови. Негови членови се сите пратеници во сојузниот парламент - Бундестагот, а нивниот број во моментов е 630. Кон тоа доаѓаат и исто толкав број избирачи испратени од страна на покраинските парламенти. Затоа во Сојузното собрание има и претставници на либералите, АфД, Слободните избирачи и Пиратите - партии кои не се застапени во Бундестагот, но имаат претставници во покраинските парламенти.

Umbauarbeiten im Plenarsaal für die Bundesversammlung
Во пленарната сала на Бундестагот мора да се носат дополнителни столчиња - Сојузното собрание брои двојно повеќе членови отколку што има пратеници во парламентотФотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Меѓу избирачите кои ги одбрале партиите и покраинските парламенти има и личности од јавниот живот. ЦДУ во Сојузното собрание ги испраќа комичарот Хапе Керкелинг и актерката Вероника Ферес, додека СПД ги испраќа актерката Ирис Бербен и пејачот Петер Мафај. Зелените го номинираат селекторот Јоахим Лев и трансвестит-ѕвездата Оливија Џонс. Левицата ѝ укажа чест на Семија Шимшек Демирташ, чиј татко беше убиен од страна на десноекстремната терористичка ќелија НСУ.

Joachim Löw
За Сојузниот претседател ќе гласа и Јоахим ЛевФотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

За изборот на Сојузен претседател се преуредува пленарната сала на сојузниот парламент. Претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт во 12 часот го отвора Сојузното собрание со кусо обраќање. Потоа нема говори - согласно Уставот, Сојузниот претседател се избира без говори. Ниту кандидатите се претставуваат себеси, ниту пак избирачите смеат да земат збор. Тие, откако ќе го слушнат своето име, го даваат тајно својот глас. Сосема на крајот новоизбраниот претседател одржува кус говор.

Штајнмајер - кандидат со широка поддршка

По првиот круг гласање, кој трае околу два часа, се пребројуваат гласовите. Доколку еден од кандидатите освои најмалку 631 глас, изборот завршува. Така најверојатно ќе биде овојпат. Имено,Франк-Валтер Штајнмајер, доскорешен министер за надворешни работи и еден од најомилените германски политичари, е јасен фаворит. Тој зад себе го има мнозинството од избирачите. 61-годишниот Штајнмајер ја има поддршката не само од својата СПД, туку и од партиите на Унијата - ЦДУ и ЦСУ. Трите партии заедно имаат повеќе од 900 гласови во Сојузното собрание. Поддршка за Штајнмајер најавија и либералите, а за него најверојатно ќе гласаат и избирачите од Зелените.

Frank-Walter Steinmeier besucht bayerischen Landtag
Франк-Валтер ШтајнмајерФотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Покрај Штајнмајер, кандидирани се уште четворица. Кандидат на Левицата е келнскиот политиколог Кристоф Бутервеге, деснопопулистичката АфД го кандидира заменикот партиски лидер Албрехт Глазер, Слобдните избирачи го номинираат судијата Александер Холд, додека Пиратите во трка го пуштаат Енгелберт Зонеборн, човек сосема непознат за јавноста, инаку татко на европратеникот и сатиричар Мартин Зонеборн.

Мандатот на актуелниот Сојузен претседател, Јоахим Гаук, завршува на 17 март. Гаук не сакаше уште една кандидатура.