1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спајк Ли за ДВ: Ова веќе го видовме на филм!

Скот Роксборо
9 јуни 2020

Во ексклузивно интервју за Дојче веле, легендарниот американски режисер говори за случувањата во САД и прогнозира дека Трамп ќе си замине како најлошиот претседател во историјата на земјата.

https://p.dw.com/p/3dXlK
Still aus "DEAR..., Spike Lee"
Фотографија: picture-alliance/Everett Collection/Apple TV

ДВ: Сакам да разговарам со тебе за извонредниот нов филм, Da 5 Bloods, но прво мора да разговараме за Џорџ Флојд. Уште еден невооружен црн Американец убиен од полицијата.
Спајк Ли: Тоа веќе го видовме на филм!
ДВ: Што беше твојата прва реакција кога го виде видеото од убиството на Џорџ Флојд?
Си помислив: Па само што го видов ова, со убиството на Ерик Гарнер (од полицијата на 17 јули 2014). Направив филм за тоа: Стори го вистинското нешто- Do the Right Thing' (1989) беше направен на основа на вистинска приказна за убиството со давење на графити-уметникот Мајкл Стјуарт (на 15 септември 1983). И потоа почнав да мислам на сите други црни луѓе кои се убиени. Не само со давење. За сите оние кои беа застрелани со огнено оружје.
ДВ: Тоа продолжува да се случува, со децении, со векови. Што, според тебе, треба да се стори за тоа да престане да се случува?
Почнуваме од тука во Америка каде Американците, не само црните или кафените Американци, туку и белите Американци, моите бели браќа и сестри, излегуваат на улиците и обединети велат: Ова мора да престане. Имаме национален апел за промени во полициските оддели, низ цела Америка. Мора да сториме нешто со нив, тие мора да се реформираат. Мора да се смени начинот на кој се врши полициската работа во САД.
ДВ: Колку го обвинуваш оној на врвот? Претседателот Трамп, човекот кој го нарекуваш Ејџент Оринџ?
Зошто го именуваше наместо мене? Се шегувам. Знам дека сакаш да го кажам тоа. Ејџент Оринџ ќе замине како најлошиот претседател во историјата на САД. И смешно е сега да се гледаат неговите сојузници, оние генерали и политичари кои полека се оддалечуваат од него, затоа што можат да проценат што е следно и не сакаат да заминат во историјата налепени до тој лик. Да бидат запишани на погрешната страна на историјата. Со големо П.
ДВ: Историјата е значаен дел од твојот нов филм, Da 5 Bloods. Зошто сакаше да ја раскажеш приказната на афроамериканските војници во Виетнам?
И досега имаше филмови за афроамериканските војници во неа, филмови за Виетнам. А во мојот филм правам и омаж на мојот омилен, Апокалипса сега. Лоренс Фишбурн имаше 14 години кога го сними тој филм. Но јас само сакав да ги раскажам нивните приказни.
ДВ: Афроамериканците се бореа во секоја војна која ја водеа САД...
Всушност, првиот Американец кој загина (во Бостонскиот масакр) беше црнец по име Криспус Атукс!
ДВ: Точно, и ти тоа го прикажуваш во филмот. Но афроамериканците беа изоставени од речиси сите холивудски филмови. Што значеше тоа за чувството на Американците за сопствената историја?
Тие не ги добиваат точните приказни. А голем дел започнува со образованието. Кога јас, како и многу деца, одев на училиште, те учат дека Џорџ Вашингтон никогаш не кажал лага. Првиот претседател на Америка ја исече црешата и си го призна делото (Според легендата за Џорџ Вашингтон, н.з.). Никогаш не не учеа дека Џорџ Вашингтон, првиот претседател на Америка, поседуваше 123 робови. Тоа го изоставија! Намерно!
ДВ: Помина 31 година откако го направи Стори го вистинското нешто и гледаме дека истите работи и натаму се случуваат на улиците. Каде ја гледаш надежта за иднината?
Надежта ја гледам во милионите Американци кои излегоа на улиците. Кога тие велат доста е: Јас гледам надеж. И ќе се чувствувам уште поголема надеж на 4 ноември, денот по претседателските избори.

Filmstill - Da 5 Bloods
Сцена од новиот филм на Ли, Da 5 BloodsФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Lee
USA Black Lives Matter Protest in New York
Антирасистички протести во ЊујоркФотографија: picture-alliance/AP Images/AP/Invision/E. Agostin
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема