Срѓан Керим - иден претседател!?
12 декември 2008Реклама
Доколку сега се одржат изборите за претседател на Република Македонија, на нив би победил д-р Срѓан Керим. Според резултатите од најновата анкета по нарачка на неделникот „Форум“ тој би добил 35% од гласовите. Веднаш зад него се пласира поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски со 31 процент, а на трето место актуелниот претседател на државата Бранко Црвенковски со 25%.
Керим според анализите би победил во вториот круг поради поголемата поддршка од албанскиот фактор. Како предност нему му се припишува и фактот што е натпартиска личност.
Анкетата на Форум е прво истражување на јавното мнение со директно сондирање за претседателските избори. Повеќе детали во следниот аудио-прилог.