1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од нови земјотреси во Италија

ЕМФ / дв
1 ноември 2016

Четири земјотреси за два месеца - многу луѓе во Италија загубија сѐ, најмалку 40.000 се без покрив над главата. Но, кошмарот не е завршен. Постои опасност од нови потреси.

https://p.dw.com/p/2Ryga
Italien Norcia - Eingestürzte Kirche nach Erdbeben
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Sky Italia

Историското старо градско јадро на Норчиа е во урнатини. Малото место наликува на град на духови. Дозвола за престој имаат само спасувачите. Нивната задача е да расчистуваат и да ги зацврстуваат историските објекти онолку колку што е можно. Зашто, опасноста не е помината. Пожарникарот Доменико де Вита објаснува:

„Се наоѓаме во центарот на земјотресното подрачје и потресите се многу силни. Толку силна сеизмичка активност не сме имале со години. Тоа многу ја отежнува заштитата на нашето културно наследство.“

Италија: Испукаа и планините

Пукнатините во Апенините покажуваат со колкава сила земјата се тресеше во неделата. Тоа беше најтешкиот земјотрес во Италија во последните 30 и повеќе години.

Илјадници луѓе во регионот се без покрив над главата. Повеќе од 15 илјади спијат привремено во шатори, хотели и сместувалишта во случај на нужда. Многумина не сакаат, а и не смеат, да се вратат во домовите. Рокардо Салвиани, жител на Норчиа, со растреперен глас вели:

„Спиев на отворено. Навистина се плашиме од земјотресите во регионов. Многу сме тажни и едноставно не знаеме што треба да направиме. Немам зборови за да го опишам тоа.“

Сите во Норчиа се надеваат дека најлошото поминало. Но, сеизмолозите предупредуваат дека со недели може да има натамошни потреси.